- Блог /
- Како ја извозевме 2025-та година со Avant2Go
2025 година беше година на движење, раст и поставување темели за нов начин на урбана мобилност. Со официјалниот старт на Avant2Go, направивме значаен чекор кон пофлексибилен, подостапен и попаметен начин на движење низ градот.
Официјален старт и првичен раст
На 27 мај, Avant2Go официјално стана достапен за корисниците. Уште од самиот почеток интересот беше голем - првиот ден беше одбележан со над 150 регистрации, што ни даде јасен сигнал дека пазарот е подготвен за ваков тип услуга.
Стартувавме со 19 локации низ градот, внимателно избрани за да овозможат лесен пристап и практична употреба. Денес, само неколку месеци подоцна, Avant2Go е присутен на вкупно 40 локации, покривајќи ги клучните делови од градот.
Флота што постојано се надополнува
Услугата започна со околу 100 возила, а со зголемената побарувачка и растечкиот број корисници, флотата беше дополнета со уште над 50 нови возила. Овој континуиран раст ни овозможи да одговориме на потребите на корисниците и да ја задржиме достапноста на услугата на високо ниво.
Заедница што расте секој ден
Од денот на лансирањето па наваму, секојдневно ни се приклучуваат нови корисници. Паралелно со тоа, бројот на редовни возења и активни членови постојано се зголемува, што покажува дека Avant2Go не е само услуга што се пробува - туку решение што станува дел од секојдневието.
Присуство на клучни локации
Денес, Avant2Go е достапен на сите големи shopping malls, како и на најатрактивните и најфреквентни локации во градот. Оваа стратешка поставеност овозможува брз и едноставен пристап до возилата, без разлика дали станува збор за секојдневни обврски или спонтани планови.
Едукација како клучен сегмент
Покрај ширењето на мрежата и флотата, значаен фокус беше ставен и на едукацијата. Во текот на годината организиравме едукативни активности и директна комуникација со корисниците, со цел подобро запознавање со услугата, процесот на користење и придобивките од car-sharing концептот.
Соработки и заедничка визија
Во 2025 година остваривме и неколку успешни соработки со компании кои ја препознаваат вредноста на попаметната и поодржлива мобилност. Овие партнерства претставуваат важен чекор кон градење поширок екосистем на современи транспортни решенија.
Корисници и надвор од државата
Услугата ја пробаа и туристи од многу различни држави. Avant2Go се покажа како практично решение и за посетителите на градот, овозможувајќи им едноставно и флексибилно движење за време на нивниот престој.
2025 ја извозевме заедно - со корисниците, партнерите и заедницата што постојано расте. Годината зад нас беше основа, а не финална дестинација.
Avant2Go продолжува да се развива, со јасна визија за иднината и со фокус на подобро, поедноставно и поодржливо движење низ градот.