За споделувањето автомобили Avant2Go

Кои сме, што правиме и каде да нè најдете.

Зошто да изберете Avant2Go?

Споделување на автомобили дизајнирано во согласност со принципите на одржлив соживот

Ајде да замислиме...

... Скопје да биде позелен град. Без бучава и без емисии.

Да замислиме како би било да користиме најнова технологија за возење, без никаков проблем со пронаоѓање паркинг...

...и да плаќаме за автомобил само тогаш кога навистина ни е потребен – штедејќи време и пари.

Ајде да замислиме...

Се чини дека има уште долг пат да се оди и дека патот нема да биде лесен. Добрата вест е дека целата технологија што е потребна веќе постои.

Се запрашавме: „Зарем не е неразумно да чекаме уште 10 или 20 години за ова да се промени кога сета технологија и знаење се достапни токму сега?“

Ја презедовме одговорноста да направиме нешто во врска со ова и да придонесеме ова да се случи многу порано.

Ајде да замислиме...

Новата мобилност ќе се заснова на два столба:

  • услуги дизајнирани да ги покријат потребите за мобилност (споделување на автомобили, електричен транспорт на повик...), што ни овозможува да се ослободиме од товарот на сопственоста;

  • локално генерирана чиста енергија, што ни овозможува да се ослободиме од глобалната зависност од горивата што ја загадуваат нашата животна средина.