Постапка за резервација на .GO Rent возило
Резервација на возило може да се направи на избрана .GO Rent локација, најмалку 24 часа пред преземањето на возилото. Достапни се моделите на возила наведени подолу, кои може да се преземат на наведените .GO Rent локации. По направената резервација, ќе добиете потврда со сите детали за вашиот наем.
Возилото треба да се преземе во избраниот термин за почеток на наемот и да се врати во избраниот термин за завршување на наемот (слично како кај rent-a-car). Доколку дојде до доцнење при враќањето, се пресметува дополнителен ден наем според ценовникот.
Кај моделите со мотор со внатрешно согорување, политиката за гориво е „полно за полно“, односно со иста количина гориво како при преземањето. Дневниот лимит изнесува 200 километри. Секој дополнителен километар над лимитот се наплатува според цената за дополнителен километар во ценовникот.
За самото преземање на возилото не е потребна посета на филијала, бидејќи возилото ќе ве чека на паркинг местата на наведените Avant2Go локации. Наемот (почеток, отклучување, заклучување, завршување) се извршува едноставно преку апликацијата, на сличен начин како кај услугата за споделување возила. Напомена: корисникот може истовремено да има активно изнајмено само едно возило (или во рамки на car sharing, или .GO Rent).
Враќањето и преземањето на возилото се возможни на локациите кои секогаш се наведени во апликацијата во рамки на услугата .GO Rent.
За повеќе информации, ве молиме погледнете ги и следните документи:
Општи услови за користење на електрични возила „Avant2Go“
Правила за користење на услугата „.GO Rent“
Ценовник за користење на Avant2Go возила
Среќен пат и многу уживање во возењето!
МОДЕЛИ НА ВОЗИЛА ВО .GO Rent УСЛУГАТА
(состојба март 2026 – флотата ќе се надополнува и проширува со развојот на услугата)
Renault ZOE
Tesla Model 3 Long Range
ЛОКАЦИИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА .GO Rent УСЛУГАТА
(состојба март 2016 - локациите ќе се ажурираат според побарувачката)
Godi Retail Park
Double Tree by Hilton
Skopje City Mall (отворен паркинг)
С.Ц. Јане Сандански
Машински факултет
С.Ц. Борис Трајковски
NLB Банка
Кино Маџари
ProCredit Банка
Парк Авионче
Ново Лисиче 1
Ново Лисиче 2
Општина Бутел