BMW i3

Опис на возилото

BMW i3 се одликува со вистински спортски перформанси, со забрзување од 0 до 100 км/ч за 7,3 секунди притоа задржувајќи го препознатливото BMW уживање во возењето. Тој е првиот сериски автомобил со каросерија изработена од јаглеродни влакна (карбон), а секој чекор во неговото создавање е осмислен со грижа за животната средина.

Неговиот футуристички дизајн никого не остава рамнодушен и јасно ја отсликува визијата на BMW - секогаш чекор напред. Создаден првенствено за урбана средина, BMW i3 овозможува исклучително удобно, тивко и динамично возење низ град.
Во Avant2Go car sharing флотата е достапна верзијата со батерија од 33,2 kWh, која во идеални услови овозможува досег до 250 km со едно полнење.

Технички детали

Максимална брзина: 150 км/ч
Забрзување (0–100 km/h): 7,3 с
Домет: до 310 км
Максимална моќност: 125 kW / 170 КС
Тип на батерија: Литиум-јонска, 42,2 kWh
Време на полнење (11 kW AC): околу 3 часа и 45 минути (од 0 до 100%)
Време на полнење (макс. 50 kW DC): околу 42 минути (до 80%)
Должина: 4,01 m
Ширина: 1,78 m
Висина: 1,60 m