Правила за користење на услугата .GO Rent

1. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ

Овие Правила за користење на услугата „GO Rent“ (во понатамошниот текст: Правила) важат за користење на услугата „GO Rent“ и за договорите склучени врз таа основа помеѓу Давателот на услугата „GO Rent“, Друштво за мобилни услуги АВАНТ КАР ДОО Скопје, ул.11-ти Октомври бр.2 Центар, Скопје (во понатамошниот текст: Давател на услуги) и Корисникот на оваа услуга. За користење на услугата „GO Rent“, покрај одредбите од овие Правила, важат и се применуваат сите правила и обврски кои произлегуваат од важечките Општи услови за споделување на електричните возила „Avant2Go“ (во понатамошниот текст: Општи услови), како и останатата важечка договорна документација „Avant2Go“.

2. Значење и употреба на поимите

За потребите на овие Правила се користат поимите, коишто се дефинирани во Општите услови, како и следните дополнителни поими:

„GO Rent“ е услуга за претходна резервација на возило за дневно или подолго изнајмување во рамки на системот „Avant2Go“, која им е достапна на Корисниците под условите од договорната документација, а за кои, освен ако во овие Правила не е поинаку наведено, се употребуваат сите правила и обврски, кои важат за користење на возилата „Avant2Go“.

Локација „GO Rent“ е место, каде што може да започне изнајмувањето и каде што може да се врати возилото во рамки на услугата „GO Rent“. Листата на локации е видлива во мобилната апликација „Avant2Go“ под полето „Rent“.

„GO Rent“ Договор на далечина е договор што Корисникот го склучува со Давателот на услугата во моментот на плаќање за изнајмување на возилото во рамките на услугата „GO Rent“, врз основа на Договорот за членство.

3. Постапка за резервација, започнување и завршување на изнајмување на возило „GO Rent“

3.1 Услугата „GO Rent“ е достапна на локациите „GO Rent“  прикажани во мобилната апликација „Avant2Go“ во полето „Rent“ и се обезбедува со одредени модели на електрични возила „Avant2Go“, како и дополнителни возила, коишто се прикажани во апликацијата за време на процесот на резервација на возилото. Постапката за резервација на возилата „GO Rent“ (Постапка за резервација), која е дел од документација „Avant2Go“ е достапна на веб-страницата:  https://avant2go.mk.

3.2  Корисникот го резервира возилото така што најрано 90 дена, а најдоцна 24 часа пред почетокот на изнајмувањето ќе кликне на копчето „GO Rent“ во мобилната апликација „Avant2Go“, и ќе ги избере параметрите на изнајмувањето, и тоа: локација на која сака да го изнајми возилото, локација на која сака да го врати возилото, датум и час на преземање на возилото, како и датум и час на враќање на возилото. По внесување на наведените параметри, Корисникот со избор на полето „Пребарување“ преминува кон избор помеѓу достапните возила и го избира посакуваното возило. По изборот на посакуваното возило, апликацијата ја прикажува вкупната цена за изнајмување, потоа корисникот го избира начинот на плаќање и го завршува плаќањето со кликање на полето „Резервација и плаќање“. Плаќањето на резервацијата може да се изврши: со средства од електронскиот паричник „Avant2Go“ во апликацијата или со важечка кредитна картичка (Visa, Mastercard). Доколку плаќањето е успешно, Корисникот добива потврда за резервацијата во мобилната апликација „Avant2Go“, со што постапката за резервација се смета за успешно завршена и помеѓу Давателот на услуги и Корисникот е склучен Договор на далечина „GO Rent“ за дневно изнајмување на возило. Корисникот може бесплатно да се откаже од договорот со поништување на резервацијата во апликацијата најдоцна 24 часа пред избраното време на започнување на изнајмувањето. Подоцнежно раскинување на договорот не е можно, освен во случај на оправдани причини (неможност за користење на возилото од очигледни и докажливи причини, кои не се на страна на Корисникот), возилото не може или не смее да се употребува, при што соодветно се применуваат сите правила и обврски од точка 7 од Општите услови.

3.3 Во избраното време за преземање на возилото, Корисникот во мобилната апликација „Avant2Go“ добива можност со кликнување на полето „Отклучи“ да ја активира резервацијата на возилото, а со избор на полето „Започни изнајмување“ да го преземе возилото во владение и изнајмување. Потоа Корисникот ја проверува надворешната состојба на возилото, го одредува нивото на чистота на возилото и со избор на полето „Отклучување“ го отклучува возилото. Возилото се смета за отклучено кога во апликацијата е прикажан статусот „Возилото е отклучено“ и кога Корисникот може да ја отвори вратата на возилото.

3.4 Доколку Корисникот не го преземе возилото во рок од 2 (два) часа од избраното време за почеток на изнајмувањето, Давателот на услуги може, согласно Ценовникот, да му наплати надомест за заземено паркинг место. Корисникот, исто така, за време на изнајмувањето не смее да ги остава или паркира возилата на Локациите „Avant2Go“/Локациите „GO Rent“.

3.5 Во избраното време за завршување на изнајмувањето, Корисникот е должен да го врати возилото на локацијата избрана во постапката за резервација, да го заклучи возилото со избор на полето „Заклучување на возило“, да го избере полето „Заврши изнајмување“, во апликацијата да ја оцени чистотата на внатрешноста и надворешноста на возилото, да ги потврди сите потребни полиња (затворени врати, исклучени светла, кабли во возилото, задолжителна опрема ....), како и по извршување на наведените чекори да го избере полето „Потврди и заврши изнајмување“. Во врска со завршување на изнајмувањето соодветно се применуваат сите правила и обврските од точка 11 од Општите услови.

4. Плаќање на услугата „GO Rent“

Плаќањето за користење на услугата „GO Rent“ се врши согласно точка 3.2, земајќи ги предвид ставките од важечкиот Ценовник за услугата „GO Rent“.

4.2 Доколку Корисникот не го врати возилото на локацијата избрана при резервацијата, ќе му биде наплатен надомест согласно важечкиот Ценовник. За продолжување на времетраењето на изнајмувањето, Корисникот мора да добие дозвола од Давателот на услуги. Доколку Корисникот добие дозвола, веднаш по надминување на првично избраното време за завршување на изнајмувањето, автоматски се пресметуваат дополнителни 24 часа изнајмување на возилото. Изнајмувањето автоматски се продолжува на овој начин сè до моментот на валидното враќање на возилото. Доколку Корисникот за пречекорување на времето не побара дозвола односно не добие дозвола од Давателот на услуги, на Корисникот покрај дополнителните 24 часа изнајмување за секој нареден ден од изнајмувањето до враќање на возилото, согласно Ценовникот му се пресметува и дневен надомест за ненавремено враќање.

5. Осигурување и користење на возила во странство

5.1 Доколку во оваа точка не е изрично поинаку наведено, за осигурително покритие и штетите важат сите одредби од точка 17 од Општите услови.

5.2 Корисникот во рамки на услугата „GO Rent“ може да го користи односно управува возилото единствено во следните земји: Република Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Србија, Германија, Италија, Австрија, Швајцарија, Унгарија, Холандија, Белгија, Франција, Чешка, Словачка, Романија и Словенија. Осигурувањето за управување на возилото во странство е вклучено во цената на изнајмувањето.

5.3 За изнајмување во рамки на услугата „GO Rent“ не е можно дополнително купување на пакет за намалување на одговорност за штета, освен ако во Ценовникот не е наведено поинаку.

6. Километража

Возилата имаат дневно ограничување на изминати километри со обврска за доплата, како што произлегува од Ценовникот.

7. Гориво

Горивото е вклучено во цената на изнајмувањето. Корисникот го презема возилото со полн резервоар и е должен да го врати во иста состојба. Во спротивно, Давателот на услуги ќе му наплати на Корисникот за недостаток на гориво, како и манипулативни трошоци за полнење гориво, согласно Ценовникот.

8. Користење на услугата

8.1 Во периодот од започнување до завршување на изнајмувањето во рамки на услугата „GO Rent“, Корисникот не може да ја користи услугата за споделување на возила и обратно.

8.2 Давателот на услуги може од оправдани причини да не му го издаде возилото на Корисникот (технички причини, други причини надвор од контрола на Давателот на услуги, други оправдани причини). Во таков случај, Давателот на услуги во рамки на можностите ќе се обиде да му обезбеди друго возило на Корисникот, а доколку цената на изнајмувањето е пониска ќе му ја врати разликата во цената. Доколку Давателот на услуги на Корисникот не може да му обезбеди заменско возило, на Корисникот ќе му биде вратен целиот уплатен износ. Давателот на услуги во наведените случаи не одговара за евентуална штета, која би му настанала на Корисникот поради неможност за изнајмување возило.

* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *

 Овие Правила стапуваат во сила на денот (во 00:00 часот) на нивното објавување на веб-страницата на Давателот на услуги https://avant2go.mk и по известување на Корисникот преку е-пошта.

Измените и дополнувањата на овие Правила ќе стапат во сила во рок од 15 дена од денот на нивното објавување на веб-страницата на Давателот на услуги https://avant2go.mk и известувањето до Корисникот по е-пошта, каде што Корисникот ќе биде информиран за своите права во случај на несогласување со измените и дополнувањата, при што овие Правила ќе се применуваат на постапките покренати пред стапувањето во сила на измените и дополнувањата.

АВАНТ КАР ДОО Скопје

Скопје, 05.03.2026