• Блог /
  • Од 1 до 90 дена: Без клучеви, без посета на филијала
March 11, 2026 / од Avant2Go
Од 1 до 90 дена: Без клучеви, без посета на филијала

Веќе знаеш дека Avant2Go е без конкуренција кога станува збор за кратки градски возења, но што кога ти треба автомобил за продолжен викенд, една недела одмор или превозно средство за три месеци?

Со нашиот новитет .GO Rent ти нудиме практична и поволна можност дополнително да ја оптимизираш твојата мобилност.

Кај .GO Rent, целиот процес се одвива во твојата Avant2Go апликација (каде што избираш посебен таб). Наместо да се грижиш дали ќе има достапно возило, едноставно го резервираш однапред. Целата „бирократија“, заедно со дигиталното плаќање, ја завршуваш со само неколку клика, а потоа во точно договореното време ја посетуваш избраната локација каде што возилото веќе те чека. Заборави на досадни дополнителни обврски и потпишување документи по филијали.

Премиум избор на возила

Покрај веќе препознатливиот Renault ZOE, во .GO Rent флотата на 100% електрични возила е достапна и Tesla Model 3.

Може ли преку граница?

Една од најголемите и најкорисни новитети е тоа што со возилата од .GO Rent официјално можеш да ја напуштиш Македонија. Твојот следен „road trip“ преку граница е оддалечен само неколку клика.

Математика што има логика

Цените започнуваат од 1.225 денари. Во рамки на тоа, можеш да поминеш 100 километри дневно, а за оние што возат повеќе нудиме и дополнителни километри по поволна цена. Ако се земе предвид дека немаш трошоци за регистрација, осигурување, сервисирање и губење на вредноста на сопствен автомобил, пресметката е повеќе од јасна за оние што користат автомобил повремено.

Моментално сме присутни на 13 локации во Скопје. Бидејќи нашите услуги ги развиваме секојдневно и интензивно, внимателно ќе го слушаме твојот повратен одговор - тој директно ќе влијае на тоа како ќе ја шириме услугата понатаму.