- Блог /
- Европска недела на мобилноста: Кој страда од транспортна сиромаштија?
Да размислиме: Дали достапен, безбеден, економичен и одржлив превоз навистина е достапен за секого?
Токму со ова важно прашање се занимава Европската недела на мобилноста за 2025 година. Многу луѓе се соочуваат со високи трошоци за превоз, кои непрекинато растат. Друг проблем е недостигот на превозни опции, кој го ограничува пристапот до неопходни услуги, работа, образование и други активности. Токму затоа годинeшната Европска недела на мобилноста го нарекува „транспортна сиромаштија“.
„Транспортната сиромаштија“ може да ја предизвика поседувањето (пре)скап автомобил
За поседување автомобил денес мораме да издвоиме вистинско богатство. Според анализа на JATO од јули 2025, цените на новите автомобили меѓу 2020 и 2022 година рекордно пораснале и тоа за повеќе од 10% годишно (во просек меѓу 1.800 и 3.500 евра), и тоа во клучните автомобилски сегменти во Европа. Ако ги споредиме со цените од 2010, новите автомобили поскапеле дури за 64%. Меѓутоа, куповната моќ на домаќинствата расте значително побавно.
За поседување компактен автомобил во Скопје, месечните трошоци можат лесно да изнесат околу 200–350 евра, зависно од возилото, осигурувањето, горивото и сервисирањето. За многу семејства ова претставува значителен трошок кој сериозно го оптоварува буџетот, особено ако се земат предвид и дополнителните непредвидливи трошоци како поправки и паркинг.
Како тогаш да станеме „побогати“ во транспортот?
Одговорот е: „Со алтернативи.“
Истражувањата покажуваат дека сè помалку луѓе во развиените земји сакаат да поседуваат личен автомобил. Уште во 2022, еднa од пораките на ETM беше дека автомобилот (во сопственост) со своите обврски за поединецот и за околината станува „непријател на добриот живот“. Поради актуелните (неповолни) трендови, сè повеќе Европјани се ориентираат кон алтернативни форми на мобилност.
А денес тие алтернативи се сè помалку „алтернативни“. Еве неколку бројки:
Пред неколку месеци, бројот на регистрирани корисници во апликацијата Avant2Go во Словенија надмина 70.000, што значи дека споделувањето автомобили е дел од мобилноста на секој 35-ти жител.
Зошто популарноста расте? Avant2Go успешно одговара на растечките трошоци за поседување автомобил, кои често носат и низа непредвидливи трошоци. Трошоците за одржување, регистрација, осигурување, поправки, нови пневматици, како и самиот паркинг, не го празнат џебот на корисниците кои плаќаат само за вистинската употреба. Цената на нивната мобилност е позната однапред.
Не го осиромашуваме нашето животно опкружување со паркинзи
Покрај другите алтернативни превозни опции, споделувањето на еден автомобил од блиско паркинг место, улица или главна сообраќајница може да замени дури десет лични возила. Во случајот на системот за споделување на Avant2Go, тоа се комбинира со исклучиво електричен погон на автомобилите, кои (локално) не создаваат бучава и штетни издувни гасови.
Промената на нашите навики поврзани со мобилноста е речиси прашање на живот. Дојден е моментот за современа и одржлива мобилност, за која денес имаме знаење и можности.
Затоа секоја година сè повеќе градови се вклучуваат во ваквите кампањи, а во 2024 година во учествувале повеќе од 2.500 градови низ целиот свет. Оваа година се приклучуваме и ние, а можеш и ти. Да направиме заедно избор за подобра иднина.