Renault ZOE
Опис на возилото
Renault ZOE (Z.E. 50) има литиум-јонска батерија од 52 kWh, која овозможува досег до 460 километри. Благодарение на пространоста, безбедноста и убавиот дизајн, овој автомобил е многу омилен кај нашите корисници. Интересен факт е што ZOE (како и поголемиот дел од електричните возила) се однесува извонредно стабилно во кривини.
Ова се должи на идеалната распределба на тежината, која е овозможена преку флексибилноста во дизајнот на електричните возила.
За разлика од возилата со мотор со внатрешно согорување, електричните возила имаат центар на гравитација кој е исклучително низок.
Технички детали
Максимална брзина: | 140 км/ч |
Забрзување (0–100 km/h): | 9,5 с |
Домет: | 310км |
Максимална моќност: | 100 kW / 136 КС |
Тип на батерија: | Литиум-јонска, 52 kWh |
Време на полнење (22 kW AC): | 3 часа (од 0 до 100%) |
Време на полнење (макс. 45 kW DC): | 56 минути (до 80%) |
Должина: | 4,09 m |
Ширина: | 1,79 m |
Висина: | 1,56 m |
Почнување на возилото
За да го стартувате возилото, притиснете ја педалата за сопирање и држете го копчето START/STOP неколку секунди, сè додека не чуете звучен сигнал (бип).
Ретровизори
Можете да го прилагодите управувачот по висина и должина со притискање на рачката што се наоѓа на долниот дел од управувачката колона.
Ретровизорите се прилагодуваат со копчињата што се наоѓаат на возачката врата.
Менување брзини
Сите наши возила се опремени со автоматски менувач. За да ја промените брзината, притиснете ја педалата за сопирање и поместете ја рачката за брзини во посакуваната позиција:
P (Паркинг): Се користи за паркирање, стартување или запирање на возилото.
R (Рикверц): Се користи за возење наназад.
N (Неутрална): Режим во мирување, најчесто се користи при автомиеници.
B (Рекуперација): Овој режим ја зголемува јачината на регенеративното сопирање. Кога ќе го пуштите педалот за гас, возилото посилно сопира и истовремено враќа повеќе енергија назад во батеријата.
D (Возење): Се користи за движење нанапред.
Режими на возење
Под мултимедијалниот екран се наоѓа копче ECO со кое можете да го вклучите или исклучите ECO режимот.
ECO режимот помага во намалување на потрошувачката на батеријата, но ја ограничува максималната брзина на возилото на 110 km/h.
Полнење
За да го наполните возилото, извадете го соодветниот кабел за полнење од багажникот. Копчето за отворање на вратата од приклучокот за полнење се наоѓа на контролната табла, лево од управувачот, обележано со симбол на „приклучок“. Поврзете го едниот крај од кабелот со возилото, а другиот со станицата за полнење.
За да го прекинете полнењето, притиснете го копчето со икона на кабел. Потоа, исклучете го кабелот прво од возилото, а потоа и од станицата за полнење. По завршување на полнењето, вратете го кабелот во багажникот и затворете ги внатрешната и надворешната врата од приклучокот за полнење.
Крај на возењето
Кога ќе го завршите возењето, префрлете ја рачката за брзини во позиција „P“ (Паркинг) и активирајте ја рачната сопирачка.
Ако не сакате да го завршите изнајмувањето веднаш, земете го клучот од возилото со вас и заклучете го возилото со копчето на клучот.
Ако сакате да го завршите изнајмувањето, вратете го клучот на неговото означено место, така што ќе го ставите транспондерот/чипот во кутијата што се наоѓа во преградата за ракавици на совозачката страна. За полесно пронаоѓање, кутијата е осветлена со портокалова светлина.
Потоа, заклучете го возилото преку апликацијата Avant2Go и следете ги чекорите за да го завршите процесот на изнајмување.