1. ДАВАТЕЛ НА УСЛУГИ ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА „Avant2Go“
Друштво: Друштво за мобилни услуги АВАНТ КАР ДОО Скопје
Седиште: ул.11-ти Октомври бр.2 Центар, Скопје
КОНТАКТ ЦЕНТАР: 0800 80 562 (секој ден од 00:00 до 24:00 часот, секој ден во годината)
Електронска адреса: support@avant2go.mk
Веб - страница: www.avant2go.mk
Трансакциска сметка: 210-0747509801-91 во НЛБ Банка АД Скопје
ЕМБС: 7475098
ЕДБ: 4043020529755
2. ЗНАЧЕЊЕ И УПОТРЕБА НА ТЕРМИНИТЕ
2.1. Термините во овие Правила за регистрација во системот „Avant2Go“ (во натамошниот текст Правила), кои се однесуваат на физички лица, се наведени во граматичка форма од именката во машки род и се однесуваат и за жени и за мажи.
2.2. Во овие Правила, термините го имаат следново значење:
АВАНТ КАР ДОО Скопје е Давател на услуги за споделување на електрични возила „Avant2Go“;
Споделување (carsharing) или споделувањето на електричните возила „Avant2Go“ е самоуслужнa и краткорочна услуга за изнајмување на електричните возила „Avant2Go“ на однапред утврдени локации (постојки) 24 часа на ден, секој ден во годината;
Системот „Avant2Go“ е смисловно поврзана целина која се состои од Договорна документација, Мобилна апликација „Avant2Go“ (АПП) и друга документација на Давателот на услуги, што му овозможува на Корисникот да ги користи услугите за споделување електрични возила „Avant2Go“ на територијата на Републиката Северна Македонија;
Регистрација во системот „Avant2Go“ е постапка, составена од четири чекори. Корисникот може да ги споделува електричните возила „Avant2Go“ само по успешно завршување на постапката на регистрација на Членот/Корисникот во системот „Avant2Go“;
Активирање на Корисникот во системот „Avant2Go“ или активирање на АПП е последниот чекор во постапката на регистрација во системот „Avant2Go“, по што Корисникот може да ги користи услугите за споделување на електричните возила „Avant2Go. “;
АПП или Mобилна апликација „Avant2Go“е апликација преку која функционира системот „Avant2Go“;
Договорна документација вклучува Договор за членство, Општи услови за споделување на електрични возила „Avant2Go“, Ценовник, Листа на локации и овие Правила. Општите услови и овие Правила се секогаш достапни во мобилната апликација „Avant2Go“, која исто така содржи Ценовник за надоместоци за споделување возила и Листа на локации „Avant2Go“;
Друга документација се Често поставувани прашања и одговори (ЧПП), Политика за приватност и други релевантни упатства, препораки и информации обезбедени од Давателот на услуги. Секоја друга важечка документација на Давателот на услуги е секогаш достапна на веб-страницата www.avant2go.mk, додека Политиката за приватност е достапна и на мобилната апликација „Avant2Go“;
Локација или Локација „Avant2Go“ е местото каде што може да се преземе електричното возило „Avant2Go“ за споделување и каде што електричното возило „Avant2Go“ може да се врати по завршување на споделувањето. Редовно ажурирана Листа на локации е објавена на веб-страницата www.avant2go.mk и на мобилната апликација „Avant2Go“;
Договорот за членство или Договорот за членство за споделување на електрични возила „Avant2Go“ е договор со сите негови прилози, со кој се регулираат сите права и обврски на Членот/Плаќачот и Корисникот на услугите за споделување на електричните возила „Avant2Go“, склучен пред регистрацијата во системот „Avant2Go“;
Член е физичко лице, кое го склучува Договорот за членство за споделување на електрични возила „Avant2Go“ и ги прифаќа Општите услови за споделување на електрични возила „Avant2Go“ како и другите правила на системот „Avant2Go“;
Корисник е физичко лице, кое врз основа на Договорот за членство има право да го споделува електричното возило „Avant2Go“ и е ист како и Членот;
Плаќач е лицето, кое се обврзува дека ќе го плати надоместокот за споделување на електричните возила „Avant2Go“ и сите други трошоци поврзани со споделување на електрични возила „Avant2Go“ од страна на Корисникот. По правило, Плаќачот е ист како и Членот, освен во случаи кога обврската за плаќање во негово име ја презема трето лице кое не е Член или Корисник (на пр. кога Членот/Корисникот е возач на Плаќачот, кој не може да го управува електричното возило или не може да добие возачка дозвола поради физички инвалидитет, или кога Плаќачот е родител или брачен другар или друго лице поврзано со Членот/Корисникот, или во случај на постоење на други оправдани причини или пречки);
Општи услови или Општи услови за споделување на електрични возила „Avant2Go“ се правила за користење на услугите за споделување на електричните возила „Avant2Go“, кои се применуваат покрај Договорот за членство и другата договорна документација (овие Правила, Ценовник и Листа на локации);
Ценовник е важечки, едностран документ на Давателот на услуги, кој ја одредува висината на надоместоците и другите трошоци поврзани со користење на услугите за споделување на електричните возила „Avant2Go“ кои се важечки во моментот и кој вклучува понуда на периодични промотивни пакети. Сите цени вклучуваат 18% ДДВ;
Контакт центар обезбедува оперативна помош за корисниците 24 часа на ден, секој ден во годината (24/7);
3. ПОСТАПКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ВО СИСТЕМОТ „Avant2Go“.
3.1. Корисникот може да ги споделува електричните возила „Avant2Go“откако ќе се регистрира во Системот „Avant2Go“. Процесот на регистрација во системот „Avant2Go“ ги опфаќа следните чекори, подетално дефинирани во продолжение:
Чекор 1: бесплатно преземање на мобилната апликација „Avant2Go“ на паметниот телефон на Членот/Корисникот;
Чекор 2: креирање на корисничка сметка, најавување во системот „Avant2Go“ и плаќање на надоместокот за регистрација или купување на еден од достапните пакети;
Чекор 3: доставување на дополнителни податоци неопходни за верификација на идентитетот на Корисникот и потпишување на Договорот за членство за споделување на електричните возила „Avant2Go“ и потврда на Договорната и друга документација, како и опционално, завршување на специјализирана обука за споделување на електричните возила „Avant2Go“, која Давателот на услуги му препорачува на Корисникот да ја заврши;
Чекор 4: завршување на регистрацијата во системот „Avant2Go“ со активирање на корисничката сметка „Avant2Go“;
3.2. Давателот на услуги го советува Корисникот пред да се најави во системот „Avant2Go“ да ја провери достапноста за споделување на електричните возила „Avant2Go“ на локацијата на неговото движење според Листата на локации, која е објавена во мобилната апликација „Avant2Go“ и на веб-страницата www.avant2go.mk .
3.3. Ако ваква можност е достапна, Корисникот може да се зачлени во системот „Avant2Go“ и да купи кредити преку овластен договорен соработник или застапник на Давателот на услуги. Во овој случај, Корисникот ќе ги следи упатствата за регистрација на веб-страницата на застапникот, ќе го плати надоместокот за регистрација и ќе купи кредит за споделување на електрични возила „Avant2Go“, ќе потпише односно ќе склучи Договор за членство со Давателот на услуги и ќе ги прифати Општите услови за споделување на електрични возила „Avant2Go“ и овие Правила за регистрација . Без оглед на начинот на зачленување, користењето на услугите „Avant2Go“ се одвива преку мобилната апликација „Avant2Go“, која Корисникот мора да ја активира пред да започне да ги користи услугите (како што е опишано во чекор 4 од овие Правила). Постоечкиот Корисник може да купи кредит преку застапникот. Застапникот може да му издаде фактура на Корисникот во име и за сметка на Давателот на услуги за секое купување на надомест за регистрација или кредит за споделување на електричните возила „Avant2Go“, што се прави преку веб-страницата на застапникот. Во овој случај, пресметката и плаќањето се вршат во согласност со одредбите и условите на застапникот. Во случај на сомнеж дека фактурата е издадена од застапник, Корисникот може да контактира со Давателот на услуги преку е-пошта: support@avant2go.mk .
4. ЧЕКОР 1: ПРЕЗЕМАЊЕ НА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА „Avant2Go“.
4.1. Во моментот на објавување на овие Правила, мобилната апликација „Avant2Go“ работи на оперативните системи iOS (верзија најмалку 15.0) и Android (верзија најмалку 9.0) и се надградува со нови верзии, што влијае на истовремено зголемување на минималното барање во однос на софтверскиот оперативен систем. Паметниот мобилен телефон, на кој е инсталирана АПП, соодветниот оперативен систем во кој функционира АПП и функционална интернет конекција (препорачано LTE/4G) ги обезбедува самиот Член/Корисник.
4.2. АПП (APP) е бесплатно достапна и објавена на „Apple Store“ и „Google Play“.
4.3. Според стандардната процедура, Kорисникот ја презема АПП на својот мобилен телефон со оперативниот систем од „Apple Store“ или „Google Play“ бесплатно. Давателот на услуги му ја обезбедува Мобилната апликација „Avant2Go“ на Корисникот за користење, без дополнителен надомест, додека трошоците за преземање, инсталирање и користење на АПП се исклучиво трошоци на Корисникот според Ценовникот на неговиот мобилен оператор.
5. ЧЕКОР 2: ПРИЈАВУВАЊЕ ВО СИСТЕМОТ „Avant2Go“
5.1. Членот/Корисникот, кој сака да се регистрира во системот „Avant2Go“ ја креира својата корисничка сметка и лично се пријавува во Системот „Avant2Go“.
5.2. При најавување во системот „Avant2Go“, Членот/Корисникот ги внесува личните податоци наведени во точка 5.4 на овие Правила и самостојно избира лична лозинка или код за автентикација, кој мора да се состои од низа од најмалку 8 (осум) знаци (броеви и букви, со исклучок на цртички). Избраната лозинка е кодирана и видлива само за Корисникот, Давателот на услуги нема пристап до лозинката во ниту еден момент. Со избраната лична лозинка, Корисникот ја активира мобилната апликација „Avant2Go“. Корисникот мора да ја чува личната лозинка како тајна и не смее да ја открие или да ја пренесе на употреба на кое било друго лице.
5.3. Основните услови на Членот/Корисникот се:
Корисникот да има над 21 година и да поседува важечка возачка дозвола најмалку две години од впишување на датумот на издавање на категоријата во возачката дозвола;
Членот/Плаќачот, кој е државјанин на Република Северна Македонија, да има отворена трансакциска сметка во Република Северна Македонија и да има важечка кредитна картичка (Visa, Mastercard) или да е корисник на електронско банкарство за период на важност на Договорот за членство;
Членот/Плаќачот, кој е странец да има важечка кредитна картичка (Visa, Mastercard) или да е корисник на електронско банкарство за периодот на важност на Договорот за членство;
Членот/Корисникот/Плаќачот да нема блокирана трансакциска сметка и да нема неплатени доспеани обврски кон Давателот на услуги;
5.4. За успешно креирање на профил Корисникот ќе обезбеди:
· лични податоци: име и презиме, адреса на живеење, датум на раѓање, единствен матичен број, адреса на е-пошта и телефонски број, државјанство;
· податоци за кредитна картичка;
· Ако Членот/Корисникот не е Плаќач, односно Плаќачот е трето лице (на пр. лице со физички инвалидитет, а Членот/Корисникот е негов возач, или ако Плаќачот е родител или брачен другар или друго поврзано лице), Членот е должен да ги обезбеди сите податоци за сопственикот на платежното средство;
· плаќање на првото купување (надоместок за регистрација или купување на избраниот пакет);
· податоци за својата важечка возачка дозвола: број, датум на важност и држава на издавање на возачката дозвола;
5.5. Плаќањето на првото купување, односно надомест за регистрација или избраниот пакет, Корисникот/Плаќачот може да го изврши:
• Вообичаено преку интернет плаќање (со кредитна картичка VISA, Mastercard);
• по исклучок, на трансакциска сметка на Давателот на услуги:
- АВАНТ КАР ДОО Скопје, ул.11-ти Октомври бр.2 Центар, Скопје, трансакциска сметка број: 210-0747509801-91 во НЛБ Банка АД Скопје
- Задолжително пополнување на полето – цел на дознака;
- Задолжително пополнување на полето – повикување на број;
6. ЧЕКОР 3: ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЧЛЕНСТВО И ВЕРИФИКАЦИЈА НА ИДЕНТИТЕТОТ НА КОРИСНИКОТ И ОБУКА
6.1. По успешната регистрација на Членот во системот „Avant2Go“, Членот лично го потпишува Договорот за членство за споделување на електричните возилата „Avant2Go“, во седиштето на Давателот на услуги, или со користење на електронски потпис, односно на далечина (договор на далечина). Со потпишувањето на Договорот за членство, Членот изрично изјавува дека ја прифаќа и е запознаен со Договорната документација (Договор за членство, Општи услови за споделување на електричните возила „Avant2Go“, Ценовник, Листа на локации и овие Правила за регистрација). Со потпишувањето на Договорот за членство, Членот истовремено потврдува дека е запознаен со содржината на другата документација (Често поставувани прашања и одговори (ЧПП), Политика за приватност и други релевантни упатства, препораки и информации на Давателот на услуги и дека истата ја прифаќа. Општите услови, Правилата за регистрација и Политиката за приватност се секогаш достапни во мобилната апликација „Avant2Go“, која ја содржи и Листата на локации и Ценовник со надоместоци и други трошоци за споделување на електричните возила.
6.2. Потпишување на Договорот за членство и верификација на идентитетот на Корисникот може да се извршат на следниве начини, при што што Давателот на услуги го задржува правото по своја сопствена проценка да побара регистрацијата да се изврши согласно со Опцијата 1:
Опција 1:
· Корисникот го посетува седиштето на Давателот на услуги, каде што физички го потпишува Договорот за членство при што доставува на увид важечка возачка дозвола и му дозволува на Давателот на услуги да ја скенира возачката дозвола на Корисникот;
Опција 2:
· Доколку мобилната апликација „Avant2Go“ го дозволува тоа, Корисникот при внесување на податоците за возачката дозвола, преку мобилната апликација „Avant2Gо“ прави фотографии од предната и задната страна на неговата важечка возачка дозвола и фотографија од себеси, којашто самиот ќе ја направи („селфи“) и ќе ги прикачи во АПП;
· Корисникот добива е-пошта на внесената е-адреса со инструкции за електронски потпис на Договорот за членство и ги следи добиените упатства при што електронски го потпишува Договорот за членство;
· Корисникот по е-пошта добива примерок од потпишаниот Договор за членство;
· Доколку мобилната апликација не го овозможи чекорот 1 според оваа Опција 2, Корисникот ќе ја скенира неговата возачка дозвола и ќе ја испрати по е-пошта на електронската адреса: support@avant2go.mk;
· По завршување на сите горенаведени чекори, Корисникот има обврска во најкус можен рок да го посети седиштето на Давателот на услуги при што доставува на увид важечка возачка дозвола и му дозволува на Давателот на услуги да ја скенира возачката дозвола на Корисникот;
Дополнително, при посета на Корисникот на седиштето на Давателот на услуги, Корисникот се идентификува со документ за лична идентификација (важечка лична карта), при што Давателот на услуги има право по своја сопствена проценка, да побара од Корисникот на увид и доставување доказ за адреса на живеење (на пр. сметка за струја, вода итн., при што истата да не биде постара од 1 месец од денот на доставување).
За секоја од горенаведените опции (Опција 1 и Опција 2), Давателот на услуги му препорачува на Корисникот да заврши специјализирана обука за споделување на електричните возила „Avant2Go“, со цел остварување на подобро корисничко искуство на Корисникот во користењето на услугите за споделување на електричните возила „Avant2Go“.
7. ЧЕКОР 4: ЗАВРШУВАЊЕ НА РЕГИСТРАЦИЈАТА ВО СИСТЕМОТ „Avant2Go“
7.1. Регистрацијата во системот „Avant2Go“ се завршува со активирање на Корисникот за споделување на електричните возила „Avant2Go“
7.2. По активирањето на Корисникот од страна на Давателот на услуги, Корисникот може да започне да ги споделува електричните возила „Avant2Go“.
7.3. Мобилната апликација „Avant2Go“ е од клучно значење за целокупното споделување на електричните возила „Avant2Go“ и се користи за:
резервација на електрично возило „Avant2Go“;
склучување на Договор на далечина за континуирано споделување на електричното возило „Avant2Go“;
отклучување и заклучување на возилото;
престанок на споделувањето на електричното возило „Avant2Go“;
одредување на времето за преземање и враќање на електричното возило „Avant2Go“;
утврдување или потврдување на други релевантни факти поврзани со споделување на возила, како што произлегуваат од Договорот за членство и Општите услови;
.
8. ОДБИВАЊЕ НА ПРИЈАВА ИЛИ РЕГИСТРАЦИЈА НА ЧЛЕНОТ
8.1. Давателот на услуги може во секое време во текот на постапката на регистрација во системот „Avant2Go“, вклучително и по потпишувањето на Договорот за членство, да ја одбие регистрацијата на Корисникот. Меѓу другото, причината за одбивањето може да биде:
неплаќање на надоместот за регистрација или некупување на избраниот промотивен пакет; или
нецелосни и/или очигледно неточни или невистинити податоци односно неусогласеност помеѓу податоците наведени од Корисникот во моментот на регистрацијата и податоците од доставените документи; или
неисполнување на основните услови на Членот/Корисникот/Плаќачот дефинирани во точка 5.3. од овие Правила; или
Членот/Плаќачот одбива да обезбеди инструмент за обезбедување на плаќањата (депозит, меница, гарант-платец); или
Плаќачот – трето лице при доставување на потребните документи лично не ја потпише соодветната согласност; или
Корисникот има неподмирени обврски кон друштво кое, според одредбите на Законот за трговските друштва, е поврзано друштво со Давателот на услуги; или
други причини кои, по интерниот преглед на Членот/Корисникот/Плаќачот и по сопствена проценка на Давателот на услуги, го отежнуваат или спречуваат склучувањето на договорниот однос.
8.2. Во случај на одбивање на регистрацијата на Корисникот, Давателот на услуги нема никаква обврска кон Корисникот, освен обврската за враќање на веќе извршеното плаќање, при што Давателот на услуги го задржува правото да го задржи веќе извршеното плаќање во висина на износот на трошоците на Давателот на услугите за обработка на одбиената пријава на Членот според Ценовникот на Давателот на услугите, додека преостанатиот уплатен износ ќе му го врати на Членот/Плаќачот во рок од 8 (осум) дена од денот на одбивањето.
8.3. Во случај на одбивање на регистрацијата на Корисникот во системот „Avant2Go“, Давателот на услуги не е должен да даде објаснување или да наведе причина за одбивање на пријавата.
8.4. Давателот на услуги ќе го извести Членот за потврдувањето или одбивањето на електорнската адреса, која што Членот ја дал при регистрацијата. Давателот на услуги во никој случај не е одговорен за каква било неправилност на електронската адреса (грешка во записот, одбиена пошта...).
9. СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА »Avant2Go«
9.1. Давателот на услуги ќе му дозволи на Членот / Корисникот да ги споделува електричните возила „Avant2Go“ според условите на Договорот за членство и Општите услови, за надомест за споделување според Ценовникот на Давателот на услуги, откако Корисникот успешно ќе ја заврши регистрацијата во системот „Avant2Go“ (Чекори 1 - 4).
9.2. Давателот на услуги во никој случај не е одговорен за евентуалната неможност за споделување на електричните возила „Avant2Go“ поради:
неуспешна регистрација на Корисникот во системот „Avant2Go“;
нефункционална Мобилна апликација „Avant2Go“;
моментална недостапност на електрични возила „Avant2Go“ на избраната локација;
неможноста за користење на електричното возило „Avant2Go“ поради прениско ниво на електричната батерија, оштетување, дефект, запленување или други причини кои го спречуваат односно го оневозможуваат споделувањето или понатамошното споделување на електричното возило „Avant2Go“;
привремено или трајно блокирање на споделувањето поради прекршување на Договорната документација, други причини или настани, врз кои Давателот на услуги нема влијание;
10. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
10.1. Давателот на услуги се обврзува дека, во согласност со Законот за заштита на личните податоци и другото важечко законодавсто, што ја регулира заштитата на личните податоци, сите лични податоци на Членовите/Корисниците/Плаќачите кои ги добил од нив за целите на извршување на договорните обврски во согласност со Договорната и друга документација, ќе ги обработува доверливо, исклучиво во рамките на овластувањето и во согласност со целта на стекнувањето и дека:
ќе ги обезбедии добиените лични податоци со почитување на организациските, техничките и логичко-техничките процедури и мерки. со кои се врши заштита на личните податоци, ќе спречи случајно или намерно неовластено уништување на податоците, така што: ќе ги заштити проосториите, опремата и системската програмска опрема, ќе ја заштити апликативната програмска опрема, со која се обработуваат личните податоци,
ќе оневозможи неовластени лица да пристапат до лични податоци за време на нивното пренесување, вклучително и пренос преку телекомуникациски средства и мрежи, ќе обезбеди ефикасен начин за блокирање, уништување, бришење или анонимизирање на личните податоци и ќе овозможи подоцна да се утврди кога оредени индивидуални лични податоци биле внесени во базата на лични податоци, користени или обработени на друг начин и од кого, и тоа за периодот за кој се чуваат одделни индивидуални податоци,
ќе ги заштити просториите во кои се наоѓаат носачите на лични податоци, ќе ги заштити со организациски и физички или технички мерки, кои спречуваат неовластени лица да пристапат до личните податоци, по раскинувањето на договорниот или деловниот однос, ќе ги уништи сите стекнати лични податоци без одлагање или соодветно ќе ги анонимизира и тоа по истекот на времето, кое е потребно или оправдано за нивното чување,
на Корисникот / Членот / Плаќачот од кој се добиени личните податоци ќе му ги даде сите информации поврзани со обработката на неговите лични податоци и остварувањето на сите нивни права пропишани со закон во врска со обработените лични податоци, и тоа во Политиката за приватност.
10.2. Доколку како Kорисник користите и услуги од некое друштво поврзано со Давателот на услуги, Давателот на услуги може да ги пренесе вашите лични податоци на тоа поврзано друштво. Во овој случај, личните податоци се пренесуваат на обработка заради извршување на договорниот однос, пред се заради идентификување на клиентот и утврдување дали Корисникот ги исполнува сите услови за користење на услугите на поврзаното друштво – вклучително и дали ги подмирил сите обврски кон поврзаното друштво. Личните податоци се пренесуваат само во обем којшто е неопходен за таа цел.
* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
Овие Правила стапуваат на сила во рок од 15 дена (во 00:00 часот) од денот на објавувањето на веб-страницата на Давателот на услуги www.avant2go.mk и известување на Корисникот преку е-пошта.
Измените и дополнувањата на овие Правила влегуваат во сила во рок од 15 дена од денот на нивното објавување на веб-страницата на Давателот на услуги www.avant2go.mk и известувањето на Корисникот преку е-пошта, каде што Корисникот ќе биде запознаен со неговите права во случај на несогласување со измените и дополнувањата, при што за регулирање на постапките започнати пред да стапат во сила измените и дополнувањата, се употребуваат овие Правила.
АВАНТ КАР ДОО Скопје
Скопје, на ден 17.04.2025 година