Општи услови – заедничко користење на возила

1. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ

1.1. Овие Општи услови за споделување на електрични возила „Avant2Go“ (во понатамошниот текст: Општи услови) важат за сите односи кои произлегуваат од Договорот за членство за споделување на електрични возила „Avant2Go“ (во понатамошниот текст: Договор за членство), склучен помеѓу Давателот на услуги Друштво за мобилни услуги АВАНТ КАР ДОО Скопје, со седиште на ул.11-ти Октомври бр.2 Центар, Скопје, (во понатамошниот текст: Давател на услуги), и Корисникот според Договорот за членство (во понатамошниот текст: Корисник), за услуги за споделување на електрични возила „Avant2Go“.

1.2. Со потпишувањето на Договорот за членство, договорните страни ја потврдуваат важноста на овие Општи услови, притоа потписот на Корисникот воедно значи и негова изрична и безусловна изјава дека:

·       целосно е запознаен со содржината на Договорот за членство и овие Општи услови и во исто време потврдува дека е запознаен со Листата на локации „Avant2Go“, Ценовникот и Правилата за регистрација во системот „Avant2Go“ (во понатамошниот текст сите заедно: Договорна документација),

·       наведената Договорна документација целосно ја прочитал, ја разбира, се согласува со неа и истата ја прифаќа.

1.3. Договорна документација која е важечка во секој момент (освен Договорот за членство) како и другата документација, и тоа:

  • Често поставувани прашања и одговори (ЧПП);

  • Политика за приватност; и

  • Други релевантни упатства од Давателот на услуги;

секогаш му е достапна за Корисникот на веб-страницата www.avant2go.mk, при што овие Општи услови, Правилата за регистрација и Политиката за приватност се исто така секогаш достапни и во Мобилната апликација „Avant2Go“ (АПП), која исто така содржи Листа на локации и Ценовник за надоместоци за споделување на возила.

1.4. Секое прекршување на овие Општи услови воедно претставува и прекршување на одредбите од Договорот за членство и е доволна причина за предвремено раскинување на Договорот за членство како и секој Договор за споделување на електрични возила склучен на далечина (Договор на далечина) врз основа на Договорот за членство.

1.5. Секој Корисник на услугата за споделување на електрични возила „Avant2Go“ може да пристапи и до услугите за изнајмување на возила (рент-a-кар) доколку мобилната апликација „Avant2Go“ (АПП) тоа го овозможува. За користење на рент-а-кар услугите, се применуваат и важат посебни општи услови („Општи услови за рент-а-кар“) и услови за резервација („Услови за резервација“), кои му се достапни на Корисникот во мобилната апликација „Avant2Go“ (АПП). Корисникот кој ги користи услугите рент-a-кар преку АПП, при регистрација во АПП, изрично потврдува дека е запознаен со Општите услови за рент-a-кар и Условите за резервација, како и со Политиката за приватност на Давателот на услуги (Изјава за приватност), дека ги разбира и дека целосно се согласува со нив и ги прифаќа, а пред да склучи поединечен договор за изнајмување со кликнување на копчето Резервирај возило изрично изјавува дека истите ги прочитал и ги прифаќа.  

2. ПОДАТОЦИ ЗА ДАВАТЕЛОТ НА УСЛУГИ »Avant2Go«

Правно лице: Друштво за мобилни услуги АВАНТ КАР ДОО Скопје

Седиште: ул.11-ти Октомври бр.2 Центар, Скопје

Контакт центар: 0800 80 562 (секој ден од 00:00 до 24:00 часот, секој ден во годината)

Електронска адреса : support@avant2go.mk

Веб - страница: www.avant2go.mk

Трансакциска сметка: 210-0747509801-91 во НЛБ Банка АД Скопје

ЕМБС: 7475098

ЕДБ: 4043020529755

 

3. ЗНАЧЕЊЕ И УПОТРЕБА НА ТЕРМИНИТЕ

3.1. Термините во Договорната документација го имаат следново значење:  

  • АВАНТ КАР ДОО Скопје е Давател на услуги за споделување на електрични возила „Avant2Go“;

  • Споделување (carsharing) или споделувањето на електричните возила „Avant2Go“ е самоуслужнa и краткорочна услуга за изнајмување на електричните возила „Avant2Go“ на однапред утврдени локации (постојки) 24 часа на ден, секој ден во годината;

  • Системот „Avant2Go“ е смисловно поврзана целина која се состои од Договорна документација, Мобилна апликација „Avant2Go“ (АПП) и друга документација на Давателот на услуги, што му овозможува на Корисникот да ги користи услугите за споделување на електрични возила „Avant2Go“ на територијата на Република Северна Македонија;

  • .GO+ е ознака за дополнителна функционалност односно понуда на системот „Avant2Go“, во рамките на кој Давателот на услуги им овозможува на Корисниците да ги споделуваат електричните возила „Avant2Go“, на пр. со подолг дофат под условите наведени во Договорната документација;

  • АПП или Mобилна апликација „Avant2Go“ е апликација преку која функционира системот „Avant2Go“;

  • Договорна документација вклучува Правила за регистрација во системот „Avant2Go“, Договор за членство, овие Општи услови за споделување на електрични возила „Avant2Go“, Ценовник, Листа на локации. Овие Општи услови и Правилата за регистрација се секогаш достапни во мобилната апликација „Avant2Go“ (АПП), која исто така содржи Листа на локации и Ценовник за надоместоци за споделување на возила;

  • Друга документација се Често поставувани прашања (ЧПП), Политика за приватност и други релевантни упатства, препораки и информации обезбедени од Давателот на услуги. Секоја друга важечка документација на Давателот на услуги е секогаш достапна на веб-страницата www.avant2go.mk, додека Политиката за приватност е достапна и во мобилната апликација „Avant2Go“;

  • Локација или Локација „Avant2Go“  е местото каде што може да се преземе електричното возило „Avant2Go“ за споделување и каде што електричното возило „Avant2Go“ може да се врати по завршување на споделувањето. Листата на локации е објавена на веб-страницата www.avant2go.mk и во мобилната апликација „Avant2Go“;

  • Договор за членство или Договор за членство за споделување на електрични возила „Avant2Go“ е договор со сите негови прилози, со кои се регулираат сите права и обврски на Членот/Плаќачот и Корисникот на услугите за споделување на електрични возила „Avant2Go“ склучен пред регистрацијата на Корисникот во Системот „Avant2Go“;

  • Член е физичко или правно лице, кое го склучува Договорот за членство за споделување на електричните возила „Avant2Go“ и ги прифаќа Општите услови за споделување на електрични возила „Avant2Go“ како и другите правила на системот „Avant2Go“. Како правно лице ќе се смета секој регистриран субјект запишан во трговскиот регистар и/или регистарот на други правни лица при Централен регистар на Република Северна Македонија;

  • Корисник (кај Членот – правно лице, исто така и прв Корисник) е физичко лице, кое врз основа на Договорот за членство има право да ги користи услугите за споделување на електрични возила „Avant2Go“. Кај физичко лице Корисникот е ист како Членот, а кај правно лице пак (првиот) Корисник е законскиот застапник на Членот;

  • Вториот Корисник е секое друго физичко лице, кое покрај првиот Корисник кај правно лице, има право да ги споделува електричните возила „Avant2Go“ и кое поименично ќе се заведе во прилогот на Договорот за членство;

  • Плаќач е физичко или правно лице, кое се обврзува дека ќе го плати надоместокот за споделување на електричните возила „Avant2Go“ и сите други трошоци поврзани со споделувањето на електричните возила „Avant2Go“ од страна на Корисникот. По правило, Плаќачот е ист како и Членот, освен во случаи кога обврската за плаќање во негово име ја презема трето лице кое не е Член или Корисник (на пр. кога Членот/ Корисникот е возач на Плаќачот, кој не може да го управува електрично возило или не може да добие возачка дозвола поради физички инвалидитет, или кога Плаќачот е родител или брачен другар или друго лице поврзано со Членот/Корисникот или во случај на постоење на други оправдани причини или пречки);

  • Општи услови или Општи услови за споделување на електрични возила „Avant2Go“ се овие правила за користење на услугите за споделување на електричните возила „Avant2Go“, кои се применуваат покрај Договорот за членство и другата Договорна документација (Правила за регистрација, Ценовник и Листа на локации);

  • Ценовник е важечки едностран документ на Давателот на услуги, кој ја одредува висината на надоместоците и другите трошоци поврзани со користење на услугите за споделување на електричните возила „Avant2Go“ кои се важечки во моментот и кој вклучува понуда на периодични промотивни пакети. Сите цени вклучуваат 18% ДДВ;

  • Контакт центар обезбедува оперативна помош за Корисниците 24 часа на ден, секој ден во годината (24/7);

3.2. Термините, кои се однесуваат на физички лица, во овие Општи услови за споделување на електричните возила „Avant2Go“ се наведени во граматичка форма од именката во машки род и се однесуваат и за жени и за мажи.

3.3. Одредбите од овие Општи услови за споделување на електричните возила „Avant2Go“, кои се однесуваат на Корисникот, во делот, што ги дефинира правата и одговорностите на Членот/Плаќачот преземени со Договорот за членство, смисловно се применуваат и за Членот/Плаќачот.

3.4. Во продолжение за сите електрични возила „Avant2Go“, кои се предмет на Договорот за членство и врз основа на истиот му се достапни на Корисникот за споделување се користи граматичката форма од именката во еднина.

4. СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО »Avant2Go«

4.1. Давателот на услуги му го гарантира правото на Корисникот да го споделува електричното возило „Avant2Go“, така што Корисникот, кој правилно и навремено ги исполнува своите обврски од Договорот за членство за целото времетраење на Договорот, може да ги користи услугите за споделување на електричните возила „Avant2Go“ со склучување на поединечни договори за споделување склучени на далечина врз основа на Договорот за членство, под услови и во согласност со Договорната документација и нејзините одредби.

4.2. Електричното возило „Avant2Go“ може да го споделува и управува Корисникот, којшто кумулативно ги исполнува следниве услови:

  • е овластен да го споделува и управува електричното возило „Avant2Go“ во согласност со Договорот за членство;

  • успешно извршил верификација на идентитетот и го потпишал Договорот за членство во седиштето на Давателот на услуги или на далечина со користење на електронски потпис (договор на далечина) и завршил специјализирана обука за споделување на електричните возила „Avant2Go“;

  • во согласност со законодавството на Република Северна Македонија, има важечка возачка дозвола за целото времетраење на секое споделување на електричното возило „Avant2Go“;

  • нема неплатени доспеани обврски кон Давателот на услуги за времетраењето на Договорот за членство и

  • ги има, за потребите на секое поединечно споделување на електрични возила „Avant2Go“ од понудата .GO+, во паричникот во рамките на мобилната апликација „Avant2Go“ (без да се земе предвид состојбата во делот „бенефиции“) потребните средства, во согласност со Ценовникот (последниот услов се однесува на споделување на возила од понудата на .GO+);.

Корисникот може да ги споделува електричните возила „Avant2Go“ само со користење на сопствениот „Avant2Go“ профил (корисничко име и лозинка на Корисникот). Во случај на промена на корисничкото име и/или лозинката (на пр. поради промена на електронската адреса, заборавена лозинка и други причини), Корисникот е должен да се одјави од мобилната апликација „Avant2Go“ на сите уреди преку кои ја користи АПП и повторно да се најави во АПП со нови податоци. Одговорноста на Давателот на услуги за штета, која би можела да му настане на Корисникот поради непочитување на наведеното правило е во целост исклучена.

4.3. Корисникот се обврзува дека за целото времетраење на споделувањето, секое електрично возило „Avant2Go“ ќе го користи внимателно, почитувајќи ја вообичаената односно нормална употреба, ќе се грижи за него како добар домаќин и во согласност со релевантните технички упатства на производителот и други упатства, препораки и добрите деловни практики, како и Договорната документација, при што ќе ја земе предвид и добрата практика за управување со електричното возило „Avant2Go“.

Вообичаена или нормална употреба на електричното возило „Avant2Go“ претставува:

-      урбана употреба (на пр. во просек до 50 км по споделување) и повремени (не повеќе од 20% извршени споделувања во месецот) подолги возења до 300 км/ден (на пр. патување за викенд). Со изрична претходна согласност од Давателот на услуги, можно е и користење надвор од наведените рамки, при што постапувањето спротивно на оваа одредба значи посериозно прекршување на договорните обврски на Корисникот и

-      употреба која во никој случај не е во спротивност со правилата на Договорот за членство и другата документација „Avant2Go“, и

-      употреба во рамките на која Корисникот секогаш делува како добар домаќин и секогаш ги почитува важечките прописи од областа на сообраќајот на патиштата и безбедноста на сообраќајот на патиштата,

при што Корисникот мора кумулативно да ги исполнува сите барања наведени во овој став.

4.4. Корисникот исто така се обврзува внимателно, соодветно за вообичаената односно нормална употреба, како добар домаќин и во согласност со техничките и други упатства, препораки и добри деловни практики, да ги користи станиците за електрично полнење односно инфраструктурите за електрично полнење „Avant2Go“.

4.5. За време на споделувањето на електричното возило „Avant2Go“, Корисникот може, по сопствена проценка, да овозможи превоз на патници кои му се познати (роднини, пријатели, колеги и сл.) и да превезува нормален товар (личен багаж и предмети), при што мора да ги почитува ограничувањата во поглед на бројот на дозволени лица (максимум толку, колку што има безбедносни појаси во возилото), дозволените оптоварувања и капацитетот на возилото и другите ограничувања од овие Општи услови, како и ограничувањата односно обврските во согласност со моментално важечките законски и подзаконски прописи, со кои се уредува сообраќајот на патиштата и безбедноста на сообраќајот на патиштата. За секоја евентуална штета, која би можела да им настане на сопатниците на Корисникот за време на споделувањето и управувањето на електричното возило „Avant2Go“ се постапува согласно условите за осигурување на друштвото за осигурување кај кое е осигурено електричното возило „Avant2Go“.

4.6. За секое однесување спротивно на одредбите од оваа точка 4., Корисникот сноси обврска за надомест на причинетата штета на Давателот на услуги, кој покрај барањето за надомест за причинета материјална штета (обична штета) и евентуална испуштена корист за времето кога возилото не можело да се користи, при што испуштена корист за секој ден на спреченост за користење на возилото се пресметува врз основа на дневната цена за споделување на таквото возило, има право да побара и предвремено, односно итно раскинување на Договорот за членство.

5. ОГРАНИЧУВАЊА НА СПОДЕЛУВАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО „Avant2Go“

5.1. Заради безбедност на сообраќајот на патиштата, безбедност на лицата и одговорноста на Корисникот за електричното возило „Avant2Go“, Корисникот во никој случај не смее да овозможи, да го отстапи, да го позајми или да го изнајми (со надомест или бесплатно) или на кој било друг начин да дозволи управување со електричното возило „Avant2Go“ на трети лица.

Во случај ако Корисникот намерно или од невнимание или поради други недозволени постапувања, дозволи, допушти или овозможи (со предавање на возилото или преку пристап до АПП или на друг начин) управување на електричното возило „Avant2Go“ од страна на трети лица (без разлика дали тоа трето лице впрочем ги исполнува условите за споделување на електрично возило „Avant2Go“) или самиот да го управува возилото „Avant2Go“ без важечка возачка дозвола, сите одредби за осигурување на електричното возило „Avant2Go“ се неважечки на начин што ќе се смета дека електричното возило „Avant2Go“ за време на таквото споделување и управување не е осигурено. За каква било штета предизвикана на овој начин Корисникот е кривично и материјално одговорен за надомест на штетата на Давателот на услуги. Во оправдани, исклучителни случаи, Корисникот може да дозволи електричното возило „Avant2Go“ да биде управувано од страна на трето лице (на пр. во случај на сериозно влошување на здравјето на Корисникот, што го спречува понатаму безбедно да го управува електричното возило), но единствено со претходна согласност од Давателот на услуги, при што Корисникот е должен, пред трето лице да започне да управува со електричното возило, исто така да провери (колку што дозволува здравствената состојба) дали третото лице е способно за управување и, пред се, дали третото лице ги исполнува сите договорни услови за возач на електричното возило „Avant2Go“, особено условите што се однесуваат на возраста и важноста на возачката дозвола.

5.2. Електричното возило „Avant2Go“ не смее да сe споделува или да се управува:

  1. надвор од територијата на Република Северна Македонија, освен во случај на исклучоци, наведени во третиот став од точка 5.2. од овие Општи услови;

  2. под дејство на алкохол (во согласност со позитивните законски прописи), дрога или психотропни супстанци (лекови за смирување, хипнотички лекови и други лекови, или други психо-активни супстанции) под кои е забрането или не се препорачува управување на возило;

  3. доколку возилото, согласно техничката документација на производителот, е преоптоварено со патници, багаж или стока, или е непрописно натоварено со товар, односно преоптоварено со патници спротивно на важечките прописи;

  4. доколку возилото не е во возна состојба или технички не е беспрекорно исправно, а Корисникот знае или бил должен да знае за ова, согласно законските одредби или упатствата на Давателот на услуги во врска со техничката исправност на возилото, при што Корисникот треба да посвети особено внимание на обврската за визуелна проверка на возилото пред да започне со споделувањето како и на обврската да го извести Давателот на услуги во случај на прекумерна нечистотија на возилото или откривање на сè уште незабележана штета или технички недостаток, којшто би влијаел на безбедноста при управувањето на возилото;

  5. спротивно на прописите од областа на сообраќајот на патиштата и безбедноста на сообраќајот на патиштата;

  6. надвор од сообраќајните површини кои се наменети за сообраќај со патнички возила;

  7. надвор од границите на возењето, кои се дозволени според условите на патот;

  8. во временски и други околности и услови кои можат да го загрозат здравјето и животот на Корисникот, неговите сопатници и другите учесници во сообраќајот и/или би можеле да предизвикаат оштетувања или дефекти на електричното возило „Avant2Go“;

  9. за извршување или рекламирање на дејности со цел остварување на профит (на пр. под оваа точка спаѓа: платен превоз на патници и стоки, како што е такси услуга или друг превоз на патници и стоки, дејност на автошкола или друга обука за управување на возила или обука за возачки вештини (на пр. безбедносни вежби, итн.);

  10. за учество во какви било спортски или други натпревари и тестирања на возила;

  11. да придвижува или влече било какво друго возило, приколка или било каков друг предмет;

  12. за превоз на лесно запаливи, токсични, корозивни, експлозивни, заразни или други опасни материи, супстанци и материјали;

  13. за превоз на деца помали од 5 години на задното седиште од возилото, кои не се поставени во посебно детско седиште кое за седиштето од возилото не е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин / за превоз на деца помали од 12 години на предното седиште од возилото / за превоз на деца до 2 години на предното седиште на возилото, ако воздушното заштитно перниче не е деактивирано/исклучено и ако детето не се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење, при што истото не е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување, при што во секој случај Корисникот мора да го следи важечкото законодавство и упатствата на производителот за инсталирање и отстранување на наведените системи за прицврствување за деца;

  14. за незаконски цели и дејствија;

  15. за какви било други цели што се спротивни на склучениот Договор за членство, овие Општи услови или важечките прописи, како и други цели кои на кој било друг начин би ги загрозиле или би ги нарушиле сопственичките права  на Давателот на услуги над електричните возила „Avant2Go“;

Наведените ограничувања го обврзуваат Корисникот кумулативно. Ниту Давателот на услуги, ниту друштвото за осигуурување кај кое е осигурано електричното возило „Avant2Go“ не сносат одговорност за евентуални штети или загуби настанати поради непочитување на наведените ограничувања, кои би настанале или биле резултат на нивнo прекршувањe.

Надвор од границите на Република Северна Македонија, споделувањето или управувањето на електричните возила „Avant2Go“ е дозволено во следниве случаи:

·       доколку на терироријата на другата држава постојат локации за преземање и враќање на возилата „Avant2Go“ на Давателот на услуги, а целта на возењето е преземање или враќање на возилото на некоја од тие достапни локации; или

·       доколку Корисникот претходно обезбеди изрична писмена согласност од Давателот на услуги;

За секое постапување спротивно на одредбите од 5.1. и 5.2., Корисникот сноси одговорност за причинетата штета на Давателот на услуги, кој покрај побарувањето за надомест на материјална штета (обична штета) и евентуална испуштена корист за времето кога возилото не можело да се користи (на пр. поради одземање на возилото од страна на полиција), при што испуштена корист за секој ден на спреченост за користење на возилото се пресметува врз основа на дневната цена за споделување на таквото возило, исто така има право да побара предвремено односно итно раскинување на Договорот за членство.

5.3. Во/на електричното возило „Avant2Go“ не е дозволено:

  • превезување на животни, со исклучок на животни помошници (кучиња – водичи), кои придружуваат лица со посебни потреби и домашни миленици со телесна маса до 60 kg и максимална висина во пределот на рамениците до 80 cm. Во овој случај, животното мора да биде соодветно обезбедено за време на превозот (со употреба на посебно изработени заштитни кутии: кафез/корпа/врзано со сигурносен појас), да биде физички одвоено од возачот, а Корисникот исто така е должен да преземе мерки за заштита на внатрешната површина на електричното возило „Avant2Go“ (да постави ќебе, итн.);

  • пушење, консумирање алкохолни пијалоци, како и употреба на дроги и други забранети психотропни супстанции;

  • консумирање на храна и пијалоци, доколку истото може да предизвика нечистотија во електричното возило „Avant2Go“ (дамки, трошки, истурени пијалоци,...);

  • оставање отпадоци;

  • отстранување на додатоци од возилото (со исклучок на: наменска употреба на картичката за полнење на возилото, исклучиво за (де)активирање на станицата за полнење); употреба на опрема за итни случаи, како што е рефлектирачки елек или опрема за прва помош; клучеви во случај на планирано продолжување на споделувањето на возилото);

  • извршување на поправки, вградување делови или отстранување на делови од возилото или какво било друго интервенирање во него, како и дозволување на такви дејствија на трети лица;

  • деактивирање/исклучување на воздушните заштитни перничиња, освен при превоз на деца со користење на детски седишта, согласно техничките упатства на производителот, при што Корисникот е должен по завршување на споделувањето повторно да ги активира воздушните заштитни перничиња;

  • оставање лични предмети или други ствари по завршувањето на споделувањето;

  • секое друго дејствие, пропуштање или постапување, што предизвикува значајна или очигледна нечистотија на електричното возило „Avant2Go“, кое отстапува од стандардната и совесна употреба;

6. РЕЗЕРВАЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО »Avant2Go«

6.1. Преку мобилната апликација „Avant2Go“, Корисникот има можност да пребарува достапни електрични возила „Avant2Go“ на Листата на локации „Avant2Go“. Корисникот го избира електричното возило „Avant2Go“ што сака да го споделува, со избирање на полето „Резервација“. Резервацијата може да се откаже во текот на периодот на важност на истата (до 15 минути) со избирање на полето „Откажи“ или да се продолжи со избирање на полето „Продолжи“.

Давателот на услуги му препорачува на Корисникот пред да изврши резервација на електричното возило „Avant2Go“ што сака да го споделува, да ја провери близината на возилото, како и нивото на батеријта на избраното возило, со цел навремено преземање на возилото во перидот на важност на резервацијата.

6.2. Давателот на услуги му овозможува на Корисникот бесплатна резервација на електрично возило од понудата „Avant2Go“ и .GO+ до 15 (петнаесет) минути, почнувајќи од моментот на избирање на полето „Резервација“. За време на периодот на бесплатна резервација, Корисникот може да ја откаже резервацијата бесплатно само еднаш. Секоја наредна, последователна резервација ќе се пресметува и наплаќа во согласност со важечкиот Ценовникот „Avant2Go“.

Корисникот за времетраењето на резервацијата истата може да ја продолжи. Во овој случај, во зависност од типот на возилото, на Корисникот ќе му се пресметува и наплаќа надоместок според важечкиот Ценовник на Давателот на услуги.

6.3. Доколку Корисникот по извршената прва резервација на електричното возило „Avant2Go“, не го преземе возилото за споделување, ниту ја откаже или продолжи резервацијата, се смета дека Корисникот ја откажал резервацијата односно дека Корисникот нема намера да го преземе возилото за споделување. Истото важи и за секоја наредна, последователна резервација, при што на Корисникот, во согласност со точка 6.2. ќе му се пресметува и наплаќа надоместок.

Доколку Корисникот ја продолжи резервацијата и не го преземе електричното возило „Avant2Go“ за споделување дури и во текот на дополнителните 15 минути од изборот на полето „Продолжи“, резервацијата ќе се смета за откажана, а на Корисникот ќе му се пресмета и наплати надоместокот од точка 6.2.

7. ПРЕЗЕМАЊЕ И ПРОВЕРКА НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО »Avant2Go«

7.1. Преземањето и споделување на електричното возило „Avant2Go“од страна на Корисникот се извршува, откако Корисникот ќе го избере полето „Почеток на користење“ во мобилната апликација „Avant2Go“. Корисникот го отклучува возилото со избирање на полето „Отклучи“. Електричното возило „Avant2Go“ се смета за отклучено кога во АПП ќе се прикаже статусот „Отклучено возило“ и се слуша звучниот сигнал што го означува отклучувањето.

Во моментот кога Корисникот ќе го потврди полето „Почеток на користење“ на електричното возило „Avant2Go“ во АПП, Корисникот склучува со Давателот на услуги Договор за споделување на далечина со преземање на сите права и обврски содржани во Договорната документација.

Со оглед на фактот дека Корисникот пред резервацијата и преземањето на електричното возило „Avant2Go“ го прифатил и потпишал Договорот за членство и дека секој поединечен договор за споделување на возило е договор склучен на далечина, Корисникот не може да се повлече од Договорот за споделување склучен на далечина, освен во случај да одбие понатамошно споделување или управување на ова електрично возило „Avant2Go“ како што е опишано во продолжение.

7.2. Давателот на услуги му овозможува на Корисникот споделување на електрично возило „Avant2Go“ со следните карактеристики:

  • вообичаено чисто и неоштетено, со исклучок на можни помали оштетувања или недостатоци кои не влијаат врз способноста за управување на електричното возило „Avant2Go“ и на безбедноста при управување, а кои се наведени за конкретното електрично возило „Avant2Go“ во мобилната апликација „Avant2Go“;

  • технички исправно;

  • регистрирано;

  • осигурено со задолжително осигурување од автомобилска одговорност и автомобилско каско осигурување;

  • со клуч за стартување на возилото, чијшто привезок е сместен во читачот што се наоѓа во преградата за ракавици;

  • опремено со законски пропишана и безбедносна опрема (рефлектирачки триаголник и рефлектирачки елек, опрема за прва помош, резервни светилки, зимска опрема);

  • со дополнителна опрема (кабли за полнење на батеријата сместени во багажникот на возилото, како и друга опрема наведена во списокот);

  • со списокот на опрема на електричното возило „Avant2Go“, достапен во мобилната апликација „Avant2Go“;

  • со документи за возилото, од кои: сообраќајна дозвола и полиса за задолжително осигурување од автомобилска одговорност;

7.3. Корисникот е должен при преземањето на електричното возило „Avant2Go“ веднаш да го прегледа возилото (надворешно и внатрешно) како и да ги прегледа документите за возилото. Подоцнежни рекламации нема да се земат во предвид.

7.4. Доколку Корисникот забележи оштетувања, дефекти или недостатоци или пак забележи дека возилото е очигледно нечисто (на пр. валкано, има мирис на тутун или производи од тутун и сл.), тој мора задолжително да го пријави истото пред да започне да го управува возилото, а најдоцна во рок од 10 (десет минути) од моментот на првото отклучување односно преземање на електричното возило „Avant2Go“, да го извести Контакт центарот „Avant2Go“ на телефонскиот број 0800 80 562. Корисникот е должен детално да му ја опише состојбата на возилото на вработениот во контакт центарот „Avant2Go“, а потоа да се придржува кон инструкциите кои ќе ги добие од вработениот во контакт центарот „Avant2Go“.

Во случај на видливи оштетувања и недостатоци и доколку возилото е прекумерно нечисто, Корисникот е должен да ја фотографира состојбата и веднаш да ги проследи фотографиите до Давателот на услуги преку мобилната апликација „Avant2Go“.

Вработениот во Контакт центарот „Avant2Go“ на Корисникот може:

  • да му го прекине понатамошното споделување на ова возило во случај на оштетување, дефект или недостаток на електричното возило „Avant2Go“, кои би можеле да влијаат врз неговата возна состојба и безбедноста на возењето или безбедноста на патниците;

  • да го одобри понатамошното споделување на ова возило во случај на помали оштетувања, кои не влијаат врз возната состојба на електричното возило „Avant2Go“ и безбедноста на возењето или безбедноста на патниците, и кога возилото е очигледно нечисто, при што во такви случаи Корисникот има право да одбие понатамошно споделување на ова возило;

Во случај на одбивање на понатамошно споделување, од претходниот став, Корисникот е ослободен од обврските за плаќање кон Давателот на услуги за одбиеното споделување на електричното возило „Avant2Go“. Доколку Корисникот веќе го платил надоместокот за споделување, во таков случај тој има право на враќање на уплатениот износ. За да изврши поврат на средствата, Корисникот мора да поднесе барање за враќање на средства преку е-пошта (или преку мобилната апликација „Avant2Go“ доколку таква опција е овозможена), во рок од 8 (осум) дена од денот на извршената уплата. По правило, Корисникот го добива вратениот паричен износ на истото платежно средство со кое било извршено плаќањето. Доколку мобилната апликација ја овозможува оваа опција, Корисникот може да избере враќање на средствата во форма на кредит во мобилниот паричник „Avant2Go“ наместо враќање на средствата на платежното средство со кое е извршено плаќањето.

Корисникот може самиот или на негово барање преку вработениот во Контакт центарот „Avant2Go“ веднаш да резервира и да преземе друго достапно електрично возило „Avant2Go“ на соодветна далечина.

Давателот на услуги во ниту еден случај не е одговорен пред Корисникот за какви било последици или надомест на штета или на кој било друг начин, поради одбивање на понатамошно споделување на електричното возило „Avant2Go“.

7.5. Доколку Корисникот не го извести Контакт центарот „Avant2Go“ за можни оштетувања, дефекти или недостатоци како и за очигледна нечистотија на електричното возило „Avant2Go“, се смета дека Корисникот дал своја изречна изјава дека:

  • претходно внимателно го прегледал електричното возило „Avant2Go“ и е целосно запознаен со неговите фактички (употребливост и можни оштетувања на возилото) и правни карактеристики (документи за возилото);

  • електричното возило „Avant2Go“ е во состојба за вообичаена и нормална употреба за споделување и управување (стандардно чисто, ја има законски пропишаната и дополнителна опрема и сите документи за возилото),

  • електричното возило „Avant2Go“ одговара на целта за која е наменето да се користи;

  • по овој основ од Давателот на услуги нема никакви побарувања и/или рекламации и прифаќа целосна одговорност и ги презема сите ризици поврзани со електричното возило „Avant2Go“, неговата опрема и документите за возилото, вклучувајќи го и ризикот од уништување, оштетување, губење, одземање и користење кое ја надминува вообичаената употреба, според условите од овие Општи услови, како и одговорност кон трети лица, од моментот кога електричното возило „Avant2Go“ ќе биде преземено за споделување, па се до неговото враќање.

8. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА СПОДЕЛУВАЊЕ И НАДОМЕСТ ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО „Avant2Go“

8.1. Времетраењето на споделувањето на електричното возило „Avant2Go“ е времето од почетокот на споделувањето на електричното возило „Avant2Go“ до завршувањето на споделувањето и враќањето на електричното возило „Avant2Go“ од споделувањето, кое се брои во минути. Во периодот на споделувањето, Корисникот на електричното возило „Avant2Go“ не смее да го остави отклучено или отворено (прозорци, врати, багажник). Корисникот се обврзува веднаш да го извести Контакт центарот „Avant2Go“ на телефонскиот број 0800 80 562 за секоја можна грешка, недостаток или оштетување на електричното возило „Avant2Go“ кое би можело да настане за време на споделувањето и притоа да постапи во согласност со инструкциите.

8.2. Континуираното времетраење на споделувањето на електричното возило „Avant2Go“ е ограничено на максимум 72 часа (4.320 минути), освен со претходен изречен договор помеѓу Корисникот и Давателот на услуги. Доколку Корисникот не го заврши споделувањето во наведениот рок или однапред не го извести Контакт центарот „Avant2Go“ на телефонскиот број 0800 80 562 за пречекорувањето, ќе се смета дека по истекот на 72 часа (освен во случај на претходен изречен договор, како што е наведено погоре) непрекинато споделување, Давателот на услуги еднострано го раскинува Договорот за споделување склучен на далечина и дека Корисникот му го признава правото да го одземе електричното возило „Avant2Go“ од Корисникот.

За време на периодот на споделување, бројот на поминати километри се отчитува со фабрички инсталиран и запечатен бројач/мерач на поминати километри, којшто Давателот на услуги го отчитува на далечина (GPS).

8.3. Надоместокот за споделување на електричното возило „Avant2Go“ се пресметува во согласност со Договорот за членство и во износ според важечкиот Ценовник за споделување на електрични возила „Avant2Go“ на Давателот на услуги и се состои од:

  • Тарифата, која се пресметува во однос на времето на споделување, односно целото времетраење на споделувањето, без оглед на бројот на поминати километри, при што почетната минута која трае помалку од 60 секунди се пресметува како минута; и

  • Километражата, која се пресметува во однос на поминатите километри во периодот на споделување, при што почетниот километар кој е пократок од 1.000 метри се пресметува како километар;

Кога Корисникот ќе ја достигне највисоката дневна цена за споделување со збирот на изминатото време и поминатите километри, кои се вклучени во цената за дневно споделување според Ценовникот, истата важи 24 часа од почетокот на споделувањето. Откако ќе поминат 24 часа, следниот ден на користење во рамките на истото споделување започнува повторно со збирот на поминати километри, кои според Ценовникот се вклучени во цената на дневното споделување и изминатото време, и тоа до повторното достигнување на највисоката дневна цена на споделување.   

Доколку, во согласност со Ценовникот, за возилото важи ограничување на бројот на километри вклучени во дневната цена за споделување, а Корисникот го надмине овој број на километри во текот на 24 часа од почетокот на споделувањето, секој дополнителен километар, поминат во рамките на истите 24 часа, дополнително ќе се наплаќа. Пресметката ќе се врши во согласност со важечкиот Ценовник.

8.4. Корисникот може да го плати надоместот со кредит од т.н електронски паричник во мобилната апликација „Avant2Go“, кој може да го стекне преку купување на пакет или со депонирање парични средства во паричникот, или пак директно да изврши плаќање по завршување на споделувањето. Рокот на важност на кредитот, којшто Корисникот го стекнал преку купување на пакетот или со депонирање средства во паричникот е со важност од 3 (три) години од денот на купување/депонирање парични средства.

Давателот на услуги, на барање на Корисникот, му го враќа уплатениот износ на пакетот или средствата внесени во паричникот исклучиво по престанок на договорниот однос и по претходно подмирување на сите можни обврски кон Давателот на услуги. Во случај на купување на првиот пакет при регистрација, на Корисникот му се враќа износот на неискористениот дел од платените средства, намален за износот на надоместот за регистрација, доколку истиот е вклучен во пакетот. Во случај на барање за враќање на вториот или било кој следен купен пакет или барање за враќање на средства внесени во паричникот, Давателот на услуги на Корисникот му го враќа износот на целиот неискористен дел од платените средства. Доколку Корисникот купи пакет со кој добива дополнителни подарени средства, според условите наведени во овој став, Корисникот има право на враќање на неискористениот дел од платените средства, намален за износот сразмерен на искористениот дел од подарените средства (кои секогаш се трошат први). Доколку Корисникот пред барањето за враќање на средствата има реализирано помалку од 3 (три) споделувања, Давателот на услуги може да му наплати надомест за обработка на враќањето на средствата, согласно Ценовникот.

8.5. Корисникот е должен да ја провери точноста на податоците на секоја фактура издадена од Давателот на услуги и евентуалниот приговор по однос на фактурата да го испрати на е-маил адресата: support@avant2go.mk најдоцна во рок од 8 (осум) дена од денот на прием на фактурата. Приговорот испратен по истекот на рокот од 8 (осум) дена од денот на прием на фактурата, нема да биде земен во предвид од страна на Давателот на услуги.

9. ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ЕЛЕКТРИЧНА БАТЕРИЈА И ПОЛНЕЊЕ

9.1. Електричната енергија на станиците за полнење „Avant2Go“ е вклучена во надоместокот за споделување на електричното возило „Avant2Go“. Давателот на услуги во никој случај не е одговорен за трошоците за полнење на електричната батерија на станици за полнење, кои не се станиците за полнење „Avant2Go“. При полнење на електричните возила „Avant2Go“ на станиците за полнење кои не се станиците за полнење „Avant2Go“ по волја или вина на Корисникот, по истекот на определено време, кое зависи од операторот на станицата за полнење, може да настанат дополнителни трошоци (на пр. трошок доколку возилото остане приклучено на станицата за полнење по завршување на полнењето, а операторот на станицата за полнење го наплати тоа). Во таков случај, Давателот на услуги го задржува правото, во согласност со Ценовникот, на Корисникот да му ги наплати овие трошоци, заедно со другите надоместоци на Давателот на услуги.

9.2. Корисникот го презема електричното возило, во принцип, со ниво на електрична батерија како што е прикажано пред резервацијата, односно при изборот на електричното возило „Avant2Go“ во мобилната апликација (АПП).

9.3. Корисникот е должен да го следи нивото на електрична батерија и за време на споделувањето на електричното возило „Avant2Go“, да обезбеди доволно ниво на електрична батерија што ќе му овозможи да ја заврши планираната рута, и доколку е потребно, во текот на патувањето да ја полни електричната батерија на станиците за полнење „Avant2Go“.

9.4. По завршување на споделувањето, Корисникот, по сопствена проценка, го поврзува електричното возило на станицата за полнење, доколку на избраната Локација има слободна станица за полнење. Доколку нивото на енергија на електричната батерија е помалку од 30% и Локацијата има слободна станица за полнење, Давателот на услуги му препорачува на Корисникот да постапи внимателно и да го поврзе возилото на станицата за полнење „Avant2Go“.

9.5. При поврзување на електричната батерија на станицата за полнење, Корисникот е должен да посвети особено внимание за правилно поврзување на кабелот и да ги земе во предвид ограничувањата за користење на станицата за полнење електрична енергија, а пред се, треба да биде свесен дека:

  • не е безбедно да се користи инфраструктурата за полнење за време на временски услови кои можат негативно и неповолно да влијаат на станицата за полнење (можност од удари на гром);

  • инфраструктурата за полнење и кабелот за полнење не смеат да се допираат со влажни раце;

  • станиците за полнење не смеат да ја користат лица помлади од 21 година;

  • за да се спречи електричен удар за време на полнењето на електричната батерија, приклучокот е заклучен во електричното возило „Avant2Go“ и Корисникот не смее да се обидува да го извлече на сила;

  • Корисникот со вграден пејсмејкер не смее:

o   да се приближува на помалку од 80 сантиметри до задниот дел на станицата за полнење и

o   да се приближува на помалку од 80 сантиметри до предниот дел на станицата за полнење за време на полнење на електричната батерија;

9.6. Корисникот е одговорен пред Давателот на услуги за каква било штета предизвикана на електричното возило „Avant2Go“ или на станицата за полнење односно на инфраструктурата за полнење „Avant2Go“ поради неправилна употреба на станицата за полнење односно неправилно постапување при напојување со електрична енергија.

10. ДОЗВОЛЕНИ ПОДРАЧЈА, ПАРКИРАЊЕ И ЛОКАЦИИ »Avant2Go«

10.1. Во принцип, Корисникот го презема електричното возило „Avant2Go“ за споделување од Локацијата „Avant2Go“.

10.2. Корисникот со електричното возило „Avant2Go“ не смее да ја премине границата на Република Северна Македонија, освен во случај на претходен договор со Давателот на услуги.

10.3. Корисникот е должен да го врати возилото од споделување на местата означени за оваа намена на Локацијата „Avant2Go“, во спротивно ќе му се наплати надоместок за лоцирање и враќање на погрешно паркираното електрично возило „Avant2Go“ (наведеното меѓу другото важи и во случај на паркирање на места, кои не се предвидени за паркирање, како што се: паркирање на место за лица со инвалидитет или паркирање на место наменето за полнење возила на јавна инфраструктура кога возилото не се полни итн.), а по потреба и надоместок за влечење на електричното возило „Avant2Go“ (празна електрична батерија) сето тоа според Ценовникот.

10.4. Оставање односно паркирање на електричното возило „Avant2Go“ во периодот на споделување е дозволено само на предвидени места за таа намена (јавни и приватни паркиралишта) и на пропишан начин, во согласност со условите за паркирање на одредено паркиралиште (на пр. временско ограничување, плаќање на надоместок за паркирање).

10.5. Локациите „Avant2Go“ се места наменети исклучиво за:

·       преземање на електричното возило „Avant2Go“ за споделување;

·       полнење на електричната батерија на електричното возило „Avant2Go“;

·       враќање на електричното возило „Avant2Go“ од споделување;

 

10.6. Листата на локации секогаш му е достапна на Корисникот во мобилната апликација „Avant2Go“.

11. ВРАЌАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО »Avant2Go« И ЗАВРШУВАЊЕ НА СПОДЕЛУВАЊЕТО

11.1. Корисникот се обврзува дека електричното возило „Avant2Go“, кое ќе го преземе врз основа на Договорот за членство односно договорот за споделување склучен на далечина врз основа на истиот, заедно со документите на возилото и опремата ќе го врати на предвиденото место, каде што е дозволено враќање на возилото од споделување (Локација).

11.2. Корисникот се обврзува дека ќе го врати возилото во соодветна состојба, имајќи ја предвид неговата нормална употреба, технички исправно, со соодветно ниво на електричната батерија, со почитување на одредбата 9.4. од овие Општи услови, без предмети во сопственост на трети лица и целосно подготвено за нормална употреба.

11.3. Корисникот може да го врати електричното возило „Avant2Go“, кога кумулативно се исполнети следните услови:

  • клучот за стартување на возилото се наоѓа во преградата за ракавици на начин, што приврзокот со вградениот предавател е ставен во лежиштето на читачот поставен во преградата;

  • електричното возило е паркирано на Локацијата „Avant2Go“, при што Давателот на услуги му препорачува на Корисникот доколку нивото на електричната батерија е пониско од 30%, да го поврзе возилото на станицата за полнење;

  • сите прозорци и врати на електричното возило „Avant2Go“ се затворени и сите светла и трепкачки светла се исклучени;

  • сите кабли за полнење се наоѓаат во возилото (бројот на кабли за полнење на секое возило е наведен во АПП);

11.4. Корисникот го завршува споделувањето на електричното возило „Avant2Go“ на следниот начин:

  • во Мобилната апликација „Avant2Go“, го избира полето „Заклучување на возилото“ и физички проверува (со влечење на вратите) дали возилото е навистина заклучено;

  • во АПП ги потврдува сите потребни полиња (затворени врати, исклучени светла, кабли во возилото, задолжителна опрема и сл.);

  • по заклучувањето на возилото и потврдата на сите полиња во АПП ќе го избере полето „Заврши го споделувањето“. По извршување на овој избор, на Корисникот му се пресметуваат надоместоците за споделување;

  • Корисникот го извршува плаќањето на надоместокот за споделување;

Сè додека сите наведени ставки не се целосно исполнети, се смета дека споделувањето сеуште трае, и сите евентуални надоместоци за споделување на електричното возило „Avant2Go“, кое не било вратено на пропишан начин, ќе му бидат дополнително пресметани на Корисникот.

11.5. Доколку не е возможно да се заврши споделувањето поради губење на мобилниот телефон или пречки во функционирањето на мобилната мрежа на операторот на Корисникот или пак пречки во функционирањето на АПП, Корисникот е должен за тоа да го извести Контакт центарот „Avant2Go“ на бројот 0800 80 562 или на е-пошта support@avant2go.mk што е можно поскоро, односно веднаш штом е во можност, но најдоцна во рок од 30 минути од моментот, кога сакал да го заврши споделувањето. Во овој случај, за момент крај на споделувањето ќе се смета моментот што ќе го потврди вработениот во Контакт центарот „Avant2Go“.

11.6. Доколку Корисникот заборави да го заврши споделувањето, тоа може, на барање на Корисникот, да го направи Давателот на услуги. Притоа, на Корисникот може да му се одобри можност за завршување на споделувањето во времето кога Корисникот возилото го донел на крајната локација, за што Давателот на услуги му наплаќа на Корисникот надомест за завршување на споделувањето согласно Ценовникот.

12. ОДЗЕМАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО »Avant2Go«

12.1. Давателот на услуги за времетраење на споделувањето може да го одземе електричното возило „Avant2Go“ од Корисникот во следните случаи и тоа:

  • Кога Корисникот го надминал максималното дозволено времетраење на споделувањето (72 часа) и притоа не го известил Контакт центарот на „Avant2Go“ за пречекорувањето на времето пред истекот на дозволеното времетраење и не добил согласност за продолжување на споделувањето од Давателот на услуги, или

  • Корисникот ја поминал границата на Република Северна Македонија со електричното возило „Avant2Go“, освен во случај на претходен договор со Давателот на услуги, или

  • Возачката дозвола на Корисникот му е привремено одземена, му е изречена прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, му е изречена прекршочна санкција престанок на важење на возачката дозвола или е истечена важноста на возачката дозвола, или

  • Договорот за членство е раскинат без оглед на причината за тоа, или

  • ова е неопходно за да се заштитат сопственоста и правните интереси на Давателот на услуги.

12.2. Одземањето на електричното возило »Avant2Go« може да се изврши на начин:

  • во соработка со Корисникот, на тој начин што Корисникот веднаш, штом вработениот во Контакт центарот „Avant2Go“ ќе го повика да го стори тоа преку телефон, ќе го врати електричното возило „Avant2Go“ и ќе го заврши споделувањето во согласност со одредбите од Договорната документација,

  • без соработка на Корисникот со:

    • сo блокирање на стартувањето и вуравувањето на електричното возило „Avant2Go“,

    • пријавување на затајувањето на електричното возило Avant2Go“ во надлежната полициска станица и

    • воспоставување на владение над електричното возило „Avant2Go«.

12.3. Во сите случаи, наведени во точка 12.1. од овие Општи услови, Корисникот изрично и безусловно му го признава правото на Давателот на услуги веднаш да му го одземе електричното возило „Avant2Go“ на кој било од начините опишани погоре и изрично и безусловно заради заштита на сопственоста на Давателот на услуги му го дозволува на Давателот на услуги ваквото одземање на електрично возило „Avant2Go“.

12.4. Корисникот е одговорен пред Давателот на услуги за сите трошоци за воспоставување на владението над електричното возило „Avant2Go“, за настанатата и утврдената материјална (обична штета) и испуштена корист.

13. ПРЕГЛЕД НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО »Avant2Go« ПО ВРАЌАЊЕТО ИЛИ ОДЗЕМАЊЕТО

13.1. Доколку Давателот на услуги, при воспоставување на владението над возилото утврди дека состојбата на вратеното електрично возило „Avant2Go“ не е соодветна (чистота, ниво на батерија, очигледна штета, мирис на тутун итн.) односно дека Корисникот го користел спротивно на одредбите од Договор за членство и другата Договорна документација, Давателот на услуги има право да изврши потребни прегледи и поправки и да изврши други дејствија на сметка на Корисникот со цел да го врати електричното возило „Avant2Go“ во првобитната состојба.

13.2. Електричните возила „Avant2Go“ може да бидат опремени со систем за детектирање на оштетувања и/или систем за детектирање на чад (на пр. од пушење). Системот за детектирање на оштетувања му овозможува на Давателот на услуги автоматско детектирање оштетувања на возилото со висока прецизност, вклучувајќи го точното време, место и локација на оштетувањето. Системот за детектирање на чад од пушење, овозможува автоматско детектирање на чад во возилото со висока прецизност, вклучувајќи го точното време на настанот. Податоците добиени преку системот за оштетувања и/или чад, ќе бидат потврдени од страна на Давателот на услуги со физички преглед на возилото. Врз основа на извештајот од системот и откако настанот ќе биде потврден со извршен физички преглед на возилото (оштетување/чад), Давателот на услуги ќе го идентификува конкретниот Корисник кој ја користел услугата за споделување на возилото во време на настанување на утврденото недозволено дејствие.

13.3.Доколку Корисникот не ги предаде сите примени документи поврзани со возилото или целата опрема односно додатоци на возилото, тој е должен да му ги надомести на Давателот на услуги сите трошоци за нивна повторна набавка.

13.4. Виталните делови на возилото се запечатени односно означени со фабрички броеви. Доколку Давателот на услуги утврди дека некој дел недостасува или е заменет, има право да му наплати на Корисникот за целокупната настаната штета.

13.5. Давателот на услуги има право да бара од Корисникот надомест на штета доколку Корисникот намерно или од крајно невнимание пропуштил потребно дејствие насочено кон елиминирање на правната, техничката или економската неупотребливост на возилото или намалени можности за користење на возилото.

13.6. Во случаите наведени во претходните ставови, Корисникот е должен на Давателот на услуги да му ги надомести сите обврски по основ на трошоци и други надоместоци согласно важечкиот Ценовник, при што има обврска да му ја надомести и целокупната настаната штета вклучувајќи ја и евентуалната испуштена корист за времето кога електрично возило „Avant2Go“ не можело да се користи заради обезбедување на услугата „Avant2Go“ при што испуштена корист за секој ден на спреченост за користење на возилото се пресметува врз основа на дневната цена за споделување на таквото возило според важечкиот Ценовник.

13.7. Имајќи ги предвид одредбите од 5.3. и 11.4. од овие Општи услови, Корисникот е должен по завршување на секое споделување веднаш да ги отстрани сите лични предмети или предмети на неговите сопатници од возилото. Давателот на услуги не презема никаква одговорност за предмети што Корисникот или трето лице ќе ги остави во електричното возило „Avant2Go“ или на него или во евентуално заменско возило по завршувањето на споделувањето на електричното возило „Avant2Go“, без разлика дали крајот на споделувањето се случил врз основа на вообичаено враќање или одземање на возилото на кој било од начините опишани погоре, ниту за предмети што ги оставил Корисникот или трето лице во седиштето на Давателот на услуги. Корисникот е самиот одговорен за губење на сопствените предмети и предметите на трети лица, како и за оштетување и/или уништување на истите. Без разлика на околностите на случајот, Давателот на услуги не нуди можност за чување на предметите што биле оставени во возилото „Avant2Go“, а Корисникот е должен веднаш да ги преземе или писмено да овласти друго лице истите да ги преземе. Во случај да останат голема количини предмети во возилото „Avant2Go“, Давателот на услуги го задржува правото да ги фрли предметите, во случај истите да не бидат преземени од Корисникот, откако истиот ќе биде известен, при што Давателот на услуги не е одговорен за каква било можна штета или други последици, кои би му настанале на Корисникот како резултат на горенаведеното. Давателот на услуги во своето седиште на ограничено време (до 30 дена) чува само заборавени ситни предмети во возилото „Avant2Go“.

 

14. ДЕФЕКТ НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО »Avant2Go«

14.1. Во случај на дефект, Корисникот е должен веднаш да го извести Контакт центарот „Avant2Go“ на телефонскиот број 0800 80 562 и да постапи во согласност со добиените инструкции.

14.2. Во случај Корисникот да се однесува спротивно на одредбите од оваа точка или да го поправа електричното возило „Avant2Go“ „на своја рака“ или појава на дефект на возилото поради неправилно користење или управување од страна на Корисникот, трошоците за отстранување или поправка на дефектот се на товар на Корисникот, кој е должен на Давателот на услуги исто така да му ја надомести целата законски признаена штета, настаната како последица на ваквите дејствија.

15. ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО »Avant2Go«

15.1. Забрането е да се прават какви било промени, модификации, вградување или други работи на електричното возило „Avant2Go“.

15.2. На Корисникот изрично му е забрането да врши какви било промени или интервенции на бројачите/мерачите и електронската или електричната опрема на возилото.

15.3. Во случај Корисникот да се однесува спротивно на одредбите од оваа точка, Корисникот е должен да му ги надомести на Давателот на услуги трошоците за враќање на возилото во првобитната состојба, како и целокупната материјална штета (обична штета) и испуштена корист за времето кога поединечното електрично возило „Avant2Go“ не можело да се користи заради обезбедување на услугата „Avant2Go“ при што испуштена корист за секој ден на спреченост за користење на возилото се пресметува врз основа на дневната цена за споделување на таквото возило според важечкиот Ценовник, која би му настанала на Давателот на услуги како резултат на таквото постапување на Корисникот.

16. ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ ВО СЛУЧАЈ НА ШТЕТА

16.1. Во случај електричното возило „Avant2Go“ да биде оштетено (без оглед на обемот на штетата), уништено, одземено или украдено или ако возилото е вклучено во сообраќајна или каква било друга несреќа (во случај на штета) што може да доведе до судски спор помеѓу Давателот на услуги и Корисникот, или помеѓу Давателот на услуги и трети лица, Корисникот е должен за ова веднаш, веднаш за времетраење на споделувањето, а најдоцна во рок од 1 (еден) час од настанување на штетниот настан (краен рок), да го извести Контакт центарот „Avant2Go“ на телефонскиот број 0800 80 562 и да постапи согласно дополнителните инструкции. Во случај на кражба или пожар на возилото Корисникот е должен веднаш, без одлагање настанот да го пријави во полиција; во случај на сообраќајна или било каква друга несреќа  Корисникот е должен веднаш, без одлагање настанот да го пријави во полиција освен во случај на оштетување на возилото за кое се исполнети законските услови за пополнување на Европски Извештај за сообраќајна незгода. Во сите горенаведени случаи, Корисникот е должен повторно да му ја достави својата возачка дозвола на увид на Давателот на услуги, на негово барање.

16.2. Корисникот се обврзува дека ќе ги заштити интересите на Давателот на услуги и неговото друштво за осигурување во случај електричното возило „Avant2Go“ да учествува во каква било сообраќајна или друга несреќа, или во случај на настанување на штета на/со електричното возило „Avant2Go“, со тоа што:

  • ќе ги запише имињата и адресите на сите инволвирани учесници и сведоци на несреќата, како и регистарските ознаки на вклучените возила;

  • ќе укаже прва помош на евентуално повредените лица;

  • нема да го напушти оштетеното возило додека возилото не биде обезбедено или преместено на безбедно место;

  • нема да им признае вина на трети лица;

  • во секој случај веднаш ќе повика полиција, ќе ја извести за несреќата, ќе го чека нивното пристигнување и составување на соодветниот службен записник за несреќата и ќе добие примерок од предметниот записник, при што Корисникот се обврзува да и обезбеди на полицијата точни и вистинити информации за околностите, причините и последиците од настанот;

  • темелно ќе го пополни Европскиот Извештај за сообраќајната несреќа, ќе направи скица и ќе ја даде својата вистинита изјава, која веднаш ќе ја достави до Давателот на услуги;

16.3. Во случај на настапување на штетен настан, без оглед дали се работи за делумно оштетување или целосно уништување на возилото односно губење на возилото, Корисникот е должен да ги заштити сите докази за настанот и да прибави документација за штетниот настан, потребна за поднесување на барање за надомест на штета.

За ненавремено или неисполнување на обврските од оваа точка, Корисникот е должен да ја надомести штетета на Давателот на услуги, кој исто така може да бара и предвремено раскинување на Договорот за членство склучен со Корисникот, со сите последици кои произлегуваат од предвременото раскинување на договорот од причини на страната на Корисникот.

16.4. Ако исплатениот надомест за штета односно премијата за осигурување исплатена од друштвото за осигурување, не е доволна за покривање на целокупната штета, или доколку друштвото за осигурување одбие да ја плати премијата за осигурување односно надомест на штетата, поради причини кои не спаѓаат во рамките на одговорноста на Давателот на услуги, Корисникот е должен да му ја надомести на Давателот на услуги разликата до целокупниот износ на штета, по основ на материјална штета (обична штета) и испуштена корист за времето кога поединечното електрично возило „Avant2Go“ не можело да се користи заради обезбедување на услугата „Avant2Go“ при што испуштена корист за секој ден на спреченост за користење на возилото се пресметува врз основа на дневната цена за споделување на таквото возило според важечкиот Ценовник. Во случаи на осигурување, за кои друштвото за осигурување ќе оцени дека целосната одговорност за штетата е на страна на Корисникот, друштвото за осигурување има право на регрес директно од Корисникот.

16.5. Во случај на утврдена штета предизвикана од страна на Корисникот, Давателот на услуги има право да му наплати на Корисникот трошоци за обработка на случај на штета, во согласност со Ценовникот.

17. ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ И ШТЕТА

17.1. Секое поединечно електрично возило „Avant2Go“ е осигурено во согласност со важечките прописи на Република Северна Македонија и општите услови на друштвото за осигурување, видно од полисата за осигурување за секое поединечно електрично возило „Avant2Go“, која е достапна за увид во оригинал кај Давателот на услуги, и во обем договорен со Договорот за членство (склучување на автомобилско каско осигурување, одговорност на Корисникот за штета во врска со возилото во износот, според Ценовникот).

17.2. Без оглед на склучената полиса за осигурување на поединечното електрично возило „Avant2Go“, Корисникот е должен на Давателот на услуги да му ја надомести секоја евентуална штета на поединечното електрично возило и/или опрема, вклучувајќи ја и испуштената корист и трошоци, наведени во важечкиот Ценовник, во следните случаи:

  • доколку електричното возило „Avant2Go“ е осигурено со автомобилско каско осигурување, Корисникот сноси одговорност за штета во врска со возилото согласно точка 17.3.;

  • доколку дојде до оштетувања на внатрешноста на возилото, пневматици, тркала, капачиња на главината, бришачи на шофершајбна, антена, уреди за осветлување, стаклени површини, оштетување на подвозјето на возилото, оштетување и абење на спојката, прегревање на дисковите на сопирачките, уништување на сирената, појава на нерамнотежа на оптиката на шасијата, како и оштетувањата на шасијата на возилото и други оштетувања на возилото и неговите делови кои не ги покрива друштвото за осигурување;

  • доколку Корисникот ја предизвикал штетата под дејство на алкохол (во согласност со позитивните законски прописи), дрога или психотропни сустанци (лекови за смирување, хипнотички лекови и други лекови, или други психо-активни супстанции) за кои се знае дека по нивното консумирање се препорачува да не се вози или се забранува да се вози;

  • доколку Корисникот ја предизвикал штетата намерно или од крајно невнимание;

  • доколку Корисникот немал важечка возачка дозвола или имал забрана за управување со возило во моментот на настанување на штета;

  • доколку штетата настанала во области надвор од територијата на Република Северна Македонија, без оглед на вината на Корисникот;

  • доколку настанала штета поради други прекршувања на одредбите од точка 5. ограничувања за споделување на електричното возило „Avant2Go“ или поради употреба на возилото спротивно на одредбите од Договорната документација;

  • доколку Корисникот побегнал од местото на несреќата, без оглед на вината;

  • во други случаи, кои не се покриени од друштвото за осигурување или кои го надминуваат лимитот на осигурителното покритие и слично, без оглед на вината на Корисникот;

  • во случај на неуспешен судски спор против трети лица, заедно со целокупната штета, трошоци и такси;

17.3. Корисникот е должен да му ја надомести на Давателот на услуги и штетата предизвикана од трети лица за време, додека Корисникот е оптоварен со ризиците поврзани со електричното возило „Avant2Go“ и/или неговата употреба, без оглед на вината, при што соодветно се применуваат горенаведените одредби. Корисникот исто така во целост ги покрива и побарувањата за штета од трети лица, кои не се покриени од друштвото за осигурување. Доколку Корисникот е одговорен за оштетување на возилото што е покриено од страна на друштвото за осигурување, Корисникот во секој случај, без оглед на тоа, е одговорен пред Давателот на услуги за штета при оштетување на возилото во износот, согласно важечкиот Ценовник.

17.4. Електричното возило „Avant2Go“ е осигурено единствено за периодот на важност на Договорот за членство. По истекот на Договорот за членство, Давателот на услуги не одговара за сообраќајни незгоди или друга штета, губење или уништување на возилото и истите се сметаат за лична одговорност на Корисникот, при што Корисникот е должен да ја надомести целокупната евентуална штета, без оглед на актуелното осигурување на возилото.

17.5. Единствено Давателот на услуги има право да поднесува побарување за надомест на штета во случај на штета. Доколку премијата/надоместот на штета не е доволен за покривање на целокупната материјална штета и евентуалната испуштена корист што ја претрпел Давателот на услуги,  Корисникот е должен да му ја надомести целокупната таква штета на Давателот на услуги, во рок од 8 (осум) дена од денот на поднесување на писменото барање од Давателот на услуги по електронска пошта на електронската адреса на Корисникот. Во оние случаи на осигурување, за кои друштвото за осигурување ќе оцени дека целосната одговорност за штетата е на страна на Корисникот, друштвото за осигурување има право на регрес директно од Корисникот.

18. ПОЧИТУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ПРОПИСИ

18.1. Корисникот е одговорен и ги презема сите обврски кои произлегуваат од непочитување на сообраќајните прописи, неправилно паркирање или други прекршувања на законските прописите при споделување на електричното возило „Avant2Go“ и за сета штета, предизвикана од истото.

18.2. Корисникот се обврзува да ги плати сите евентуални мандатни казни, глоби и други казни за сторени прекршоци со електричното возило „Avant2Go“, во периодот на споделувањето сам, без интервенција на Давателот на услуги, а доколку тоа не е возможно, на секое барање на Давателот на услуги да му ги надомести сите износи и поврзани трошоци што му се должат нему, доколку тој го изврши плаќањето наместо Корисникот. Оваа одговорност на Корисникот продолжува и по престанување на важноста на Договорот за членство или Договорот за споделување склучен на далечина, доколку таквите казни односно глоби произлегуваат од периодот, кога Корисникот го споделувал електричното возило „Avant2Go“.

19. КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

19.1. Корисникот има опција за електронско потпишување на Договорот за членство со користење на електронски потпис, при што воедно, Корисникот со избирање на оваа опција:

·       дава согласност да користи електронски документ и електронски потпис. Со тоа потврдува дека во целост разбира дека електронскиот потпис и електронскиот документ има правна сила како и печатениот документ и своерачниот потпис;

·       дава согласност дека го прочитал електронскиот документ (Договорот за членство) и податоците во него кои се предмет на електронското потпишување;

·       добива електронска пошта на неговата електронска адреса со инструкции за електронски потпис на Договорот за членство и ги следи добиените упатства за електронско потпишување на Договорот за членство. Корисникот дава согласност дека единствениот код кој ќе го добие преку СМС порака на својот мобилен телефон ќе го користи како негов електронски потпис, при што електронски го потпишува Договорот за членство и воедно признава, прифаќа и се обврзува дека ваквото потпишување на Договорот за членство претставува израз на неговата волја за стапување во договорен однос и преземање на обврските што произлегуваат за Корисникот од Договорот за членство склучен помеѓу него и Давателот на услугите, за користење на услугите за споделување на електричните возила „Avant2Go“;

·       По потпишувањето, системот испраќа електронска пошта на електронската адресата на Корисникот како потврда за потпишаниот Договор за членство, при што Корисникот добива и примерок од потпишаниот Договор за членство (електронски документ). Понатамошното чување и споделување на електронскиот документ е одговорност и право на Корисникот. Електронската адреса на која на Корисникот му е доставена потврда за потпишаниот Договор за членство и примерок од Договорот за членство, е потврдена од страна на Корисникот во системот „Avant2Go“;

·       Електронското потпишување на Договорот за членство е во согласност со важечкиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и другите важечки позитивни прописи;

·       Електронското потпишување на Договорот за членство се користи исклучиво за уредување на договорните односи помеѓу Корисникот и Давателот на услуги, во врска со користење на услугите за споделување на електричните возила „Avant2Go“;

·       Податоците кои се користат за потребите на електронското потпишување се во согласност со Законот за заштита на личните податоци;

·       Договорот за членство се потпишува во PDF формат. Карактеристиките на PDF форматот обезбедуваат напредна и безбедна автентикација и прецизно судско вештачење, во случај на потреба од истото, со цел докажување на веродостојноста на потпишаниот документ;

 

20. ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ДОГОВОРОТ

Корисникот има право да се повлече, без отказен рок, единствено од Договорот за членство, којшто го склучува на далечина или вон деловните простории на Давателот на услуги, и тоа согласно следните одредби:

20.1. Корисникот има право да се повлече од Договорот за членство, во рок од 14 дена, без притоа да даде причина или образложение за повлекувањето од договорот, доколку истиот е склучен на далечина (потпишан со електронски потпис на далечина) или вон деловните простории на Давателот на услуги, во согласност со одредбите од важечкиот Законот за заштита на потрошувачите. Рокот за повлекување истекува по изминување на 14 дена од денот на склучување на Договорот за членство.

20.2. За да го оствари своето право на повлекување, Корисникот мора со недвосмислена изјава да го извести Давателот на услуги (Друштво за мобилни услуги АВАНТ КАР ДОО Скопје, ул.11-ти Октомври бр.2 Центар, Скопје, електронса адреса: support@avant2go.mk, телефонски број: 0800 80 562) за неговата одлука за повлекување од Договорот за членство, и тоа преку електронска пошта на горенаведената електронска адреса или во писмена форма преку препорачана пошта на горенаведената адреса на седиштето на Давателот на услуги.

20.3. За навремено повлекување од Договорот за членство, доволно е Корисникот пред истекот на рокот од 14 дена за повлекување, да испрати известување за повлекување до Давателот на услуги на еден од горенаведените начини.

20.4. Доколку Корисникот се повлече од Договорот за членство, Давателот на услуги ќе му ги врати сите плаќања извршени од Корисникот без одлагање, но во секој случај најдоцна во рок од 14 дена од денот на приемот на известувањето за повлекување. Враќањето на извршените плаќања, Давателот на услуги ќе го изврши користејќи го истото платежно средство, што Корисникот го користел при плаќање на услугите, освен доколку Корисникот изрично не се согласил поинаку. Корисникот нема да сноси никакви трошоци или надоместоци поврзани со ваквото враќање.

20.5. Без оглед на точка 19.4. Корисникот нема право на враќање на еднократниот надомест за регистрација. Доколку Корисникот започнал да ја користи услугата за споделување на електрично возило „Avant2Go“ во периодот додека тече рокот за повлекување, Корисникот е должен да му го плати на Давателот на услуги надоместот за извршените услуги.

20.6. Корисникот нема право да се повлече од Договорот за членство во случаи, кога Давателот на услуги ќе го исполни договорот во целост и ќе започне да му ја обезбедува услугата на Корисникот, но доколку од договорот за Корисникот произлегува обврска за плаќање, само доколку извршувањето започнало со претходна изрична согласност на Корисникот која истовремено значи и негова потврда дека со извршувањето на Договорот за членство од страна на Давателот на услуги ќе го изгуби правото да се повлече од Договорот за членство.

20.7. Корисникот не смее да се повлече од поединечните Договори за споделување, кои се склучени на далечина, освен во случаите и на начинот, наведен во точка 7 од овие Општи услови.

21. Правила на програмата за препорачување: Препорачај и добиј поволности

21.1. Во рамки на програмата за препораки: Препорачај и добиј поволности, Давателот на услуги им нуди на сите постоечки Корисници, кои имаат активиран свој кориснички профил (во натамошниот текст: „Постоечки член“) можност за добивање дополнителна поволност во форма на ваучер за споделување на електричните возила Avant2Go. Во оваа точка од Општите услови се утврдени посебните услови за учество во добивање на поволности и правилата за добивање на поволности.

21.2. Постоечкиот член може да ја добие и искористи поволноста на следниот начин:  

-      во мобилната апликација „Avant2Go“, со кликнување на прозорчето „Препорачај и добиј попуст“, со што ќе пристапи до неговиот уникатен референтен код;

-      со кликнување на копчето „Сподели“, со посакуваните физички лица, кои се уште не се регистрирани во системот „Avant2Go“ им испраќа покана на избраниот начин (преку СМС, е-пошта или друга форма на директна порака) со назнака за вредноста на поволноста (ваучерот) и линк за пристап до уникатниот референтен код;

-      лицето,  кое ќе добие покана и линк до уникатниот референтен код се регистрира во системот „Avant2Go“ и при регистрацијата го внесува добиениот уникатен референтен код, купува еден од пакетите од постоечката понуда, го потпишува Договорот за членство и станува Член на „Avant2Go“ а потоа може да го заврши своето прво споделување со електричното возило „Avant2Go“ (во натамошниот текст: „Нов член“);

-      кога Новиот член ќе го заврши своето прво споделување со електричното возило „Avant2Go“, како Постоечкиот член, кој му го дал на Новиот член уникатниот референтен код така и Новиот член добиваат е-пошта со сметка за ваучерот и известување за стекнување односно активирање на ваучерот, неговата вредност, начинот на користење и начинот на следење на состојбата на ваучерот;

-      добиениот ваучер Членот може да го користи исклучиво за споделување на електрично возило „Avant2Go“, така што во рамки на процесот за резервација на возилото во АПП пред да кликне на копчето „Резервирај возило“ ќе ја активира опцијата „Искористи ја поволноста“, при што плаќањето за споделувањето ќе го изврши и со користење на ваучер.

 

21.3. Членот може постојано до моментот на искористување на целосната вредност на ваучерот односно, ако периодот на важност на ваучерот е ограничен, до моментот на истекување на неговата важност, да ја следи состојбата на ваучерот во АПП во делот „Придобивки“ којшто се наоѓа под иконата „Паричник“. Членот може да го користи ваучерот исклучиво за споделување на електричните возила „Avant2Go“ се додека не ја потроши неговата вредност односно, доколку рокот на важност на ваучерот е ограничен, до моментот на неговата важност. Вредноста на ваучерот и периодот на важност на ваучерот се наведени во АПП во делот „Придобивки“.

21.4. За времетраење на програмата за препораки, Постоечкиот член на горенаведениот начин својот уникатен референтен код може да го испрати на неограничен број луѓе и на овој начин, со исполнување на горенаведените услови, да добие можност за активирање и користење на повеќе ваучери.

21.5. Новиот член по завршувањето на првото возење со електричното возило „Avant2Go“ во АПП добива свој уникатен референтен код, а со тоа и можност откако ќе кликне на копчето „Препорачај и добиј поволности“ и по завршување на  постапката, наведена под точка 20.2, да добие нова поволност врз основа на активирање на нов ваучер.

21.6. Уникатниот референтен код му се доделува на секој Член, кој е физичко лице, како и на секој Корисник, што ги споделува електричните возила „Avant2Go“ врз основа на потпишан Договор за членство со правно лице. Последниот, во случај на споделување на единствениот референтен код и активирање на ваучерот врз база на завршеното прво споделување на Новиот член, добива можност за користење на ваучерот само доколку го има потпишано Договорот за членство како физичко лице. По завршувањето на првото споделување од страна на Новиот член, Членовите/Корисниците активираниот ваучер може да го користат само за приватни возења и исклучиво за споделување на електричните возила „Avant2Go“.

21.7. Давателот на услуги го задржува правото во кое било време да ја промени, надгради или прекине имплементацијата на програмата за препорачување: „Препорачај и добиј поволности“ како и одново да започне со имплементацијата на програмата под променети услови, без да интервенира во веќе стекнати права на Членовите, кои произлегуваат од активирањето на ваучерот, согласно 4-та алинеја на точка 20.2. Така,  во случај на промена или прекинување на програмата за препорачување, Членовите/Корисниците, кои веќе имаат добиено активиран ваучер до моментот на воведување на промената/укинувањето, таквиот ваучер ќе можат да го искористат во согласност со условите на програмата за препорачување, во чии рамки ја стекнале поволноста.

21.8. Членовите/Корисниците можат да го користат стекнатиот активиран ваучер, во износот во кој е издаден, исклучиво за споделувања во рамките на услугата за споделување на електричните возила „Avant2Go“. Членовите / Корисниците не можат да го заменат ваучерот за друга услуга на системот „Avant2Go“ или која било друга услуга на Давателот на услуги.

21.9. Членовите / Корисниците не можат да бараат исплата на вредноста на ваучерот во готово или во форма на банкарска трансакција, ниту пак можат да ја искористат вредноста на ваучерот за порамнување на неплатени надоместоци за споделување на електричните возила „Avant2Go“ или други неподмирени обврски, кои може да му се стават на товар на Членот согласно одредбите од Договорот за членство или овие Општи услови.

21.10. Поволностите од ваучерот не може да се пренесуваат помеѓу корисничките сметки на „Avant2Go“, ниту, пак, Членот може да ги пренесе поволностите од ваучерот на својата корисничка сметка за споделување на електрични возила „Avant2Go“ во други земји каде што е достапна услугата.

21.11. Секој постоечки член добива само еден уникатен референтен код, а со тоа и можност за добивање ваучер врз основа на споделување на овој уникатен референтен код. Во случај членот да активира еден или повеќе дополнителни кориснички профили, Давателот на услуги го задржува правото да го спречи овој Член да го споделува уникатниот референтен код односно да го оневозможи активирањето и користењето на вредносниот ваучер на сите дополнителни кориснички профили.

21.12. Веќе стекнатиот, но сè уште неискористен ваучер не го задржува правото за  раскинување на Договорот за членство од страна на Давателот на услуги, во согласност со одредбите од Договорот за членство и овие Општи услови. Во случај на раскинување на Договорот за членство од која било причина, дадена од Давателот на услуги или Членот, Членот нема право да бара исплата на вредноста на ваучерот.

21.13. Давателот на услуги не е одговорен пред Членовите или Корисниците за каква било штета, што им е предизвикана како резултат на учество во програмата за препорачување или како резултат на прифаќање на поволностите.

21.14. Програмата за препорачување се однесува исклучиво на услугата за споделување електрични возила „Avant2Go“, а за сите прашања, кои во оваа точка на Општите услови не се изрично регулирани, ќе се употребуваат другите одредби на овие Општи услови односно договорната документација. Програмата за препорачување важи само за користење на услугите за споделување електрични возила „Avant2Go“ на територијата на Република Северна Македонија.

22. ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКИ СПОРОВИ

22.1. Давателот на услуги го почитува важечкото законодавство за заштита на потрошувачите и прави максимални напори да ја исполни својата должност да воспостави ефикасен систем за постапување по потрошувачки приговори. Потрошувачките риговори може да се поднесат преку е-пошта support@avant2go.mk  или писмено на адресата на седиштето на  АВАНТ КАР ДОО Скопје, ул.11-ти Октомври бр.2 Центар, Скопје. Давателот на услуги е должен, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот, да му одговори на Корисникот на неговиот потрошувачки приговор. Давателот на услуги постапката по потрошувачкиот приговор ја спроведува согласно одредбите од важечкиот Закон за заштита на потрошувачите.

23.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

23.1. Овие Општи  услови и другата договорна документација „Avant2Go“ се подготвени на македонски јазик и важат за сите Корисници. Во случај на постоење на верзија на овие Општи услови и останатата Договорна документација на други јазици, при толкување на одредбите преовладува верзијата на македонски јазик. Договорот за членство важи на јазикот на кој Давателот на услуги и Корисникот го склучиле.

 

23.2 Овие Општи услови на Давателот на услуги стапуваат на сила во рок од 15 дена (во 00:00 часот) од датумот на известување до Членот/Корисникот по е-пошта и објавување на веб-страницата www.avant2go.mk. Во случај на измени и дополнувања на Општите услови, Членовите/Корисниците ќе бидат поединечно известени за истото преку е-пошта и на веб-страницата www.avant2go.mk , како и за датумот на стапување во сила на измените и дополнувањата и за правата што ги имаат во случај на неприфаќање на измените и дополнувањата.

 

23.3. Измените и дополнувањата на овие Општи Услови стапуваат во сила во рок од 15 дена (во 00:00 часот) од објавувањето на веб-страницата на Давателот на услуги www.avant2go.mk и известувањето до Членот/Корисникот преку е-пошта, при што за уредување на односите во врска со споделувањето на електричното возило „Avant2Go“, започнати пред стапувањето во сила на измените и дополнувањата, се применуваат одредбите од овие услови.

АВАНТ КАР ДОО Скопје
Скопје, 24.05.2025 година