Privacy Policy

Како ги обработуваме вашите лични податоци?

 

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

 

Друштво за мобилни услуги АВАНТ КАР ДОО Скопје  (во натамошниот текст АВАНТ КАР ДОО Скопје  или контролор на лични податоци) е свесен за важноста на вашата приватност, поради што сме посветени на заштита на доверливоста на личните податоци на нашите клиенти и на нашите вработени како субјекти на личните податоци. Ве уверуваме дека вашите лични податоци, зачувани на нашите веб-страници или преку соработката со вас, ќе бидат собрани, обработени, заштитени и складирани во согласност со важечката легислатива.

Целта на овој документ е да ве информира за нашата Политика за приватност и можностите што ги имате при изборот на методот за тоа како вашите податоци се собираат и користат.

 

Оваа Политика за приватност е достапна на крајот на секоја веб-страница на АВАНТ КАР ДОО Скопје  (https://avant2go.mk , https://www.avantcar.mk и нивните потстраници) и во секоја мобилна апликација на АВАНТ КАР ДОО Скопје, како и во печатена верзија, на ваше барање.

 

  1. КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Контролор на вашите лични податоци е Друштво за мобилни услуги АВАНТ КАР ДОО Скопје со седиште на ул.11-ти Октомври бр.2 Скопје - Центар, е-пошта martin.milevski@avantcar.mk и телефонски број +389 2 5102 489.

 

  1. ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Нашиот Oфицер за заштита на личните податоци е лицето Елена Стоилковска кое може да го контактирате на е-пошта: elena.stoilkovska@avantcar.mk  и контакт телефон +389 2 5102 489, каде може да ги адресирате вашите прашања, барања и коментари поврзани со обработката на вашите лични податоци. За сите теми и содржини ќе се применува строга доверливост.

 

  1. ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние ги обработуваме вашите лични податоци во случаи кога: посетувате една од нашите веб-страници, контактирате со нас преку онлајн формулар или други средства за комуникација, се регистрирате за електронски билтени, сакате да користите или сте корисник на една од нашите услуги (Avant2Go, Rent-a-car, Fleet management), учествувате во нашите онлајн анкети или маркетинг кампањи, учествувате во нашите наградни игри, аплицирате за работа кај нас на ваша иницијатива или сте вработен во нашето друштво.

Во остатокот на поглавјето, ви даваме повеќе информации поврзани со обработката.

3.1. ПОСЕТА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА ИЛИ МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА

Ние ја евидентираме секоја посета на една од нашите веб-страници со цел да откриеме грешки и да ги следиме нападите. Податоците што ги обработуваме и чуваме кратко време се: вашата IP адреса, URL адресата на веб-страницата од која сте пристапиле до нашата веб-страница, поставките на прелистувачот и информациите за оперативниот систем на вашиот компјутер или мобилен уред, содржината на која пристапувате на веб-страницата или мобилната апликација, датумот на пристап и времетраењето на посетата на веб-страницата или апликацијата. Доколку нашиот систем утврди дека не вршите никакви активности што би ја загрозиле работата на нашата веб-страница/апликација, податоците автоматски се бришат. Во случај нашиот систем да утврди дека вршите активности кои се јасно нелегални или насочени кон оневозможување на функционирањето на веб-страницата/апликацијата, вашата IP адреса се чува трајно и нашиот систем ја става на црната листа на IP адреси („црна листа“), оневозможувајќи ја вашата понатамошна употреба на веб-страницата/апликацијата.

Правен основ за обработка на лични податоци: наш легитимен интерес (член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на личните податоци), кој вклучува следење и анализа на работата на онлајн и мобилните апликации, техничкото одржување и развој на веб-страници и услуги на АВАНТ КАР ДОО Скопје, обезбедување на функционирањето на информациски системи, мрежна и информациска безбедност (спречување на настани, незаконски или злонамерни активности кои ја загрозуваат достапноста, автентичноста, интегритетот и доверливоста на зачуваните или пренесените лични податоци и безбедноста на поврзаните ИТ услуги), спречување на неовластен пристап до информациски системи и реагирање на закани и инциденти во компјутерска безбедност.

Рок на чување: најдоцна до крајот на сесијата (општо правило) или трајно (во случаи на обид за злоупотреба).

Лични права:  Право на пристап, право на исправка и бришење, право на ограничување на обработката, право на преносливост и право на приговор. Доколку сметате дека не ги остваруваме вашите права на соодветен начин, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе за вашите права може да прочитате во поглавјето Ваши права.

3.2. ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ ЗА ИСПРАЌАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ БИЛТЕНИ

Можете да се претплатите за да добивате ажурирани известувања и информации за нашите промоции и новости на нашата веб-страница или со одговарање на добиена е-пошта. Ќе ги обработиме вашите (идентификациски и контакт) лични податоци, односно, име, презиме и е-пошта со цел директен маркетинг или за испраќање периодични известувања за нови производи од нашата понуда. Правен основ за обработка на вашите податоци е вашата лична согласност според член 10 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци. Личните податоци ќе ги чуваме сѐ додека не ја повлечете согласноста. Покрај повлекувањето на согласноста, може да го искористите и правото на пристап до личните податоци, да ја коригирате или ограничите обработката или да се спротивставите на обработката на личните податоци во секое време. Доколку сметате дека не ги остваруваме вашите права на соодветен начин, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе за вашите права може да прочитате во поглавјето Ваши права.

3.3. КОМУНИКАЦИЈА СО НАС

Доколку не контактирате преку онлајн формуларот, контакт центарот за поддршка на корисници или на друг начин (писмено по (електронска) пошта или по телефон), ние ќе ги обработиме вашите лични податоци (идентификациски и контакт), односно, име, презиме, е-пошта и/или телефонски број за да оствариме комуникација со вас (подготвување одговор на вашето прашање), што е неопходно за спроведување на мерките пред склучување на договор според член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на личните податоци или претставува наш легитимен интерес согласно член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на личните податоци, кој вклучува управување со односите со постоечките клиенти, обезбедување информации и помош на постоечките клиенти, обезбедување или подобрување на квалитетот на избраните услуги, информирање за услуги или производи. Ќе ги чуваме вашите лични податоци до крајот на комуникацијата, додека вие во секое време пред тоа, може да побарате бришење на вашите лични податоци. Во секое време, исто така, може да го искористите правото на пристап до личните податоци, да ги коригирате или да ја ограничите обработката или да поднесете приговор на обработката. Доколку сметате дека не ги остваруваме вашите права на соодветен начин, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе за вашите права може да прочитате во поглавјето Ваши права.

Доколку, врз основа на барање, одлучите да склучите договор со нас, ние ќе ги обработиме вашите податоци на начин и во рамките на обезбедувањето услуги од индивидуалната програма, како што е наведено во точките 3.4. – 3.7.

3.4. КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА ВОЗИЛА И АПЛИКАЦИЈАТА „AVANT2GO“

Пристапот до услугите „Avant2Go“ е возможен само по завршување на процесот на регистрација во системот „Avant2Go“ преку мобилната апликација „Avant2Go“ и активирање на кориснички профил.

Како дел од услугата „Avant2Go“ ги обработуваме следните лични податоци на корисникот - физичко лице:

−         Во процесот на регистрација и за целите на имплементација на мерки за склучување договор: пол, име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење (адреса, поштенски број, град, држава), телефонски број, адреса на е-пошта, државјанство; податоци за кредитна картичка: вид, последните 4 цифри и датум на важност, електронска верзија на кредитната картичка (во случај на склучување договор на далечина и доколку мобилната апликација „Avant2Go“ тоа го дозволува); податоци за возачката дозвола (скен или слика, држава на издавање, датум на важност, број на документ), електронска верзија на селфи (во случај на склучување договор на далечина и доколку мобилната апликација „Avant2Go“ го дозволува тоа и единствен матичен број.

−         По склучувањето на договорот и за потребите на спроведувањето на договорот, дополнително обработуваме: пристап до личниот документ на корисникот и плаќачот и/или доказ за адресата на живеење (секоја само во случај на неможност за јасна идентификација на лицето); број и датум на склучување на договорот; податоци за претходни услуги, историја на купување, завршени финансиски трансакции, начин на плаќање (кредитна картичка, пакет), салдо во паричникот (кредит), биланс на придобивки, информации за препорачувачот (препорачај ја Програмата и искористи ги придобивките); историја на повици и снимки на повици, електронска кореспонденција со клиентот; податоци за локација: GPS локација на возилото (ограничено на моментот кога се проверуваат податоците), случаи поврзани со споделување на возило (време на отклучување, време на заклучување, локација на преземање, локација на враќање, време на возење, поминати километри); податоци за сторени прекршоци со возила „Avant2Go“, податоци за случаи на штети во кои е вклучено возило „Avant2Go“.

Во случај на склучување договор со член - правно лице, ги обработуваме следните лични податоци:

−         Во процесот на регистрација и за целите на имплементација на мерки за склучување договор: име и презиме на овластеното лице; податоци за контакт на лицето одговорно за спроведување на договорот (име и презиме, телефонски број, адреса на е-пошта).

−         По склучувањето на договорот дополнително обработуваме: податоци за корисникот: пол, име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење (адреса, поштенски број, град, држава), телефонски број, адреса на е-пошта, државјанство, податоци за возачка дозвола на корисникот (држава на издавање, датум на важност, број на документ); податоци за претходни услуги, историја на возење, историја на повици и снимки на повици, електронска кореспонденција со клиентот; податоци за локација: GPS локација на возилото (ограничено на моментот кога се проверуваат податоците), случаи поврзани со споделување возило (време на отклучување, време на заклучување, локација на преземање, локација на враќање, време на возење, поминати километри); податоци за сторени прекршоци со возила „Avant2Go“, податоци за случаи на штети во кои е вклучено возило »Avant2Go«.

Правен основа за обработка на лични податоци: за обезбедување на услуги, спроведување на договор согласно член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на личните податоци; за сите случаи на GPS следење на возилата „Avant2Go“ и собирање податоци за локација и споделување, правен основ е спроведување на договор согласно член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на личните податоци или наш легитимен интерес согласно член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на личните податоци, кој вклучува: подобрување, развој и надградба на услугата „Avant2Go“ и општата заштита на средствата или имотот на давателот на услуги; за обезбедување на услуги за директен маркетинг, правен основ е согласност согласно член 10 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци или наш легитимен интерес согласно член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на личните податоци (доколку испраќаме рекламни пораки до постоечки клиенти кои биле однапред информирани за оваа можност), кој вклучува управување со односите со клиенти и следење на задоволството на клиентите (на пр. обезбедување информации во врска со склучениот договор и за потребите на обезбедување попусти и придобивки, наградување на лојалноста на клиентите, информирање за наградни игри и сл.); за случајот на испраќање податоци до надворешни корисници наведени во точка 4.1. правен основ е спроведување на договор согласно член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на личните податоци или исполнување на нашата законска обврска согласно член 10 став 1 точка 3 од Законот за заштита на личните податоци.

Рок на чување: целото времетраење на договорниот однос врз основа на кој ги користите услугите и 5 (пет) години по раскинувањето на договорот (општ рок на застареност на побарувањата согласно Законот за обилгационите односи). Податоците обработени за реализација на договорот, за кои со закон е пропишан различен рок на чување (на пр.документација од финансиско и материјално работење), се чуваат 10 (десет) години по престанокот на важноста на договорот (согласно Законот за данокот на додадена вредност и Законот за даночна постапка).

 

Лични права:

Право на пристап, право на исправка и бришење, право на ограничување на обработката, право на преносливост и право на приговор. Доколку сметате дека не ги остваруваме вашите права на соодветен начин, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе за вашите права може да прочитате во поглавјето Ваши права.

3.5. КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ (РЕНТ-А-КАР)

Пристапот до услугите Рент-а-кар е возможен врз основа на склучување договор со нас по завршување на процесот на резервација на возило преку кој било од нашите канали за резервација (веб-страница, мобилна апликација „Avant2Go“, телефонска резервација, резервација преку е-пошта, лична (»walk- and«) резервација, резервација преку дистрибутивните системи на кој било посредник (»брокер«) со кој имаме договорен однос; договорни соработници на кои им обезбедуваме услуги за помош (т.е. услуги за изнајмување возила за замена).

Како дел од услугата Рент-а-кар, ги обработуваме следните лични податоци:

−         за целите на имплементација на мерки за склучување договор за изнајмување: име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, телефонски број, адреса на е-пошта, информации за возачка дозвола (скен, земја на издавање, датум на важност, број на возачка дозвола), информации за кредитна картичка (име на сопственик, број на кредитна картичка, датум на важност, CVC код) или за друго платежно средство.

−         по склучување на договорот за изнајмување дополнително обработуваме: податоци за претходни услуги - набавки; информации за договорот (број на договорот и датум); информации за сторени прекршоци со изнајменото возило; податоци за случаи на штета во кои е вклучено изнајменото возило; информации за начинот на плаќање (кредитна картичка, готовина, е-фактура или фактура); електронска коресподенција со клиентот.

Правен основ за обработка на лични податоци: за обезбедување на услугата изнајмување на автомобил (рент-а-кар), спроведување на договорот согласно член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на личните податоци; за обезбедување на услуги за директен маркетинг, правен основ е вашата согласност согласно член 10 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци или наш легитимен интерес согласно член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на личните податоци (кога испраќаме рекламни пораки до постоечки клиенти кои биле однапред информирани за оваа можност), кој вклучува управување со односите со клиентите и следење на задоволството на клиентите (на пр.давање информации во врска со склучениот договор и за потребите на обезбедување попусти и придобивки, наградување на лојалноста на клиентите, информирање за наградни игри и сл.); за случајот на испраќање податоци до надворешни корисници наведени во точка 4.1. правен основ е спроведување на договор согласно член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на личните податоци или исполнување на нашата законска обврска согласно член 10 став 1 точка 3 од Законот за заштита на личните податоци.

Рок на чување: целото времетраење на договорниот однос врз основа на кој ги користите услугите и 10 (десет) години по раскинувањето на договорот.

Лични права: Право на пристап, право на исправка и бришење, право на ограничување на обработката, право на преносливост и право на приговор. Доколку сметате дека не ги остваруваме вашите права на соодветен начин, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе за вашите права може да прочитате во поглавјето Ваши права.

3.6. КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА ЗА ДОЛГОРОЧЕН ЗАКУП НА ВОЗИЛО – “Fleet management” („FMG“).

Пристапот до услугите на FMG е можен врз основа на склучување на договорот за FMG и завршување на процесот на изнајмување возило.

Како дел од услугата FMG, ги обработуваме следните лични податоци:

−         пред склучување на договорот: информации за возачот на клиентот (друштвото): име и презиме, адреса на постојано живеалиште, даночен број, матичен број, телефонски број, адреса на е-пошта; возачка дозвола (скен, датум на важност, број на возачка дозвола); податоци за дополнителниот возач (обично член на семејството): име и презиме, возачка дозвола (скен, датум на важност, број); доколку клиентот е правно лице, и податоците на одговорното лице за спроведување на договорот: име и презиме, телефонски број, адреса на е-пошта и име и презиме на законскиот застапник на клиентот.

−         по склучувањето на договорот, за потребите на спроведување на договорот, дополнително обработуваме: број и датум на договорот; информации за сторени прекршоци со изнајменото возило; податоци за случаи на штета; информации за начинот на плаќање (кредитна картичка, готовина; е-фактура или фактура); електронска кореспонденција со клиентот; информации за купувачот на возилото (доколку возилото е продадено на физичко лице): име и презиме, адреса на постојано живеалиште, единствен матичен број.

Правен основ за обработка на лични податоци: за обезбедување на услуги на FMG, спроведување на договор согласно член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на личните податоци; за обезбедување на услуги за директен маркетинг, правен основ е вашата согласност согласно член 10 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци или наш легитимен интерес согласно член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на личните податоци (ако испраќаме рекламни пораки до постоечки клиенти кои биле однапред информирани за оваа можност), кој вклучува управување со односите со клиентите и следењето на задоволството на клиентите (на пр. обезбедување информации во врска со склучениот договор и за потребите на обезбедување попусти и придобивки, наградување на лојалноста на клиентите, информирање за наградни игри и сл.); за случајот на испраќање податоци до надворешни корисници наведени во точка 4.1., правен основ е наш легитимен интерес согласно член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на личните податоци или исполнување на нашата законска обврска според член 10 став 1 точка 3 од Законот за заштита на личните податоци.

Рок на чување: целото времетраење на договорниот однос врз основа на кој ги користите услугите и 10 (десет) години по раскинувањето на договорот.

Лични права: Право на пристап, право на исправка и бришење, право на ограничување на обработката, право на преносливост и право на приговор. Доколку сметате дека не ги остваруваме вашите права на соодветен начин, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе за вашите права може да прочитате во поглавјето Ваши права.

3.7. УЧЕСТВО ВО НАШИТЕ ОНЛАЈН АНКЕТИ И МАРКЕТИНГ ПРОМОЦИИ

Во случај да одлучите да учествувате во нашите онлајн анкети и маркетинг кампањи, ние ги собираме и обработуваме личните податоци што ни ги давате доброволно и само заради обезбедување на нашите услуги, за потребите на нашата внатрешна администрација и управувањето со нашиот бизнис.

Правен основ за обработка на вашите податоци е вашата лична согласност согласно член 10 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци. Личните податоци ќе ги чуваме сѐ додека не ја повлечете согласноста. Покрај повлекувањето на согласноста, може да го искористите и правото на пристап до личните податоци, да ја коригирате или ограничите обработката или да се спротивставите на обработката на личните податоци во секое време. Доколку сметате дека не ги остваруваме вашите права на соодветен начин, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе за вашите права може да прочитате во поглавјето Ваши права.

3.8. КУПУВАЊЕ НА ВАУЧЕР

Доколку одлучите да купите ваучер, ние ги обработуваме вашите лични податоци неопходни за извршување на трансакцијата за купување (во зависност од начинот на купување на ваучерот, овие податоци може да бидат: име и презиме, адреса на е-пошта, телефонски број, последни 4 цифри од кредитната картичка). Правен основа за обработка на лични податоци е спроведување на договор за продажба согласно член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на личните податоци. Ние ќе ги складираме вашите податоци во согласност со законските барања во областа на финансиското и материјалното работење (10 години). Доколку сте вие примател на ваучер, го обработуваме вашето име и презиме. Правен основ за обработката е наш легитимен интерес согласно член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на личните податоци, кој вклучува овозможување на стекнување придобивки.

Вашите права во врска со податоците се: пристап до податоци, исправка, ограничување на обработката и право на преносливост на податоците. Доколку сметате дека не ги остваруваме вашите права во врска со обработката на вашите лични податоци на соодветен начин, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе за вашите права и можноста за барање може да прочитате во поглавјето Ваши права.

3.9. УЧЕСТВО ВО НАШИТЕ НАГРАДНИ ИГРИ

Доколку одлучите да учествувате во нашата наградна игра, ние ќе ги обработиме вашите податоци до степен кој е неопходен за спроведување на поединечна наградна игра. Подетални информации во врска со личните податоци што мора да ни ги доставите за учество во наградната игра и нашите обврски и вашите права во врска со обработката се дадени во условите за учество во наградната игра. Доколку организираме наградна игра со нашите деловни соработници, тоа е наведено и во општите услови на поединечната наградна игра, каде што се наведува и дали деловнот соработник ги добива вашите податоци, до кој степен и за каква цел.

Правен основ за обработка на вашите лични податоци е наш легитимен интерес во врска со спроведувањето на наградната игра согласно член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на личните податоци. Доколку сте вие примател на наградата, правен основ за обработка на вашите податоци е извршувањето на договорот согласно член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на личните податоци и исполнувањето на нашите даночни обврски според член 10 став точка 3 од Законот за заштита на личните податоци. Вашите лични податоци ќе ги чуваме за време на наградната игра, а доколку сте добитник на наградата, 5 (пет) години од завршувањето на извлекувањето. Податоците за кои со закон е пропишан различен период на чување (на пр. документација од финансиско и материјално работење) се чуваат 10 (десет) години од крајот на договорниот однос или спроведувањето на наградната игра. Може да ги остварите вашите права за пристап, приговор, ограничувања, преносливост на податоци во секое време. Доколку сметате дека не ги остваруваме вашите права на соодветен начин, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе за вашите права може да прочитате во поглавјето Ваши права.

3.10. ИСПРАЌАЊЕ АПЛИКАЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КАЈ НАС

Доколку ни испратите апликација за вработување на нашите контакт информации, ние се обврзуваме да ги обработиме вашите лични податоци исклучиво заради спроведување на постапката за избор на потенцијални кандидати за вработување, контактирање за (не)избор, покана за можно интервју, можна подготовка на договор за вработување и за заштита на нашите права во случај на спор поради наводна дискриминација и сродни постапки при спроведување на процесот на селекција. Обработката на овие податоци е неопходна за спроведување на мерките пред склучување на можен договор за вработување со вас согласно член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на личните податоци.

Доколку процесот на селекција не се изврши, веднаш ќе ги избришеме вашите податоци или соодветно ќе ги анонимизираме. Доколку оцениме дека вашата апликација може да биде од интерес за евентуален иден оглас за работа или некоја друга работа и би сакале да ја задржиме подолго време, ќе ве известиме претходно и ќе побараме ваша изречна писмена согласност и ќе ги чуваме вашите податоци до 2 (две) години или до вашето повлекување на согласноста. Доколку спроведеме постапка за избор на работното место за кое сте аплицирале, вашата апликација ќе ја задржиме за целото времетраење на постапката за вработување и уште 30 (триесет) дена откако ќе добиете известување за (не)изборот, или во случај за евентуален приговор и очекуваното поднесување правен лек против постапката за избор најмалку 5 (пет) години или за време до конечното завршување на која било правна постапка.

Во секое време, можете да ги остварите вашите права за пристап, приговор, ограничување, пренос на податоци. Доколку сметате дека не ги остваруваме вашите права на соодветен начин, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе за вашите права и можноста за жалба може да прочитате во поглавјето Ваши права.

3.11.ВРАБОТУВАЊЕ

Во контекст на засновање и одржување на работен однос, ние ги обработуваме личните податоци на нашите вработени во согласност со важечките прописи за заштита на податоците, работни односи и евиденции во трудовата област. Ова вклучува податоци неопходни за исполнување на нашите законски обврски како работодавач, како што се податоци потребни за договори за вработување и други обврски поврзани со вработувањето како е уредено во законите.

Правната основа за таквата обработка е член 10 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци, која дозволува обработка неопходна за извршување на договор и усогласеност со законските обврски.

Одредени податоци може да се обработуваат и врз основа на нашите легитимни интереси (член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на личните податоци), на пример во управувањето со безбедноста на работното место, спречувањето злоупотреба на ресурсите на друштвото или обезбедувањето правилно функционирање на внатрешните процедури. Во ограничени случаи, може да побараме ваша согласност (член 10 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци), особено за изборна обработка на податоци, како што е објавување фотографии на нашата веб страница или учество во анкети. Согласноста може да се повлече во секое време.

Вашите лични податоци ќе се чуваат за време на вашето вработување и по престанок на работниот однос, за период потребен за исполнување на законските обврски – 45 години во согласност со Планот на архивски знаци.

Имате право да барате пристап до вашите податоци, исправка, бришење, ограничување на обработката, приговор за обработка и преносливост на податоците. Ако мислите дека вашите права се повредени, имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе информации се достапни во делот Ваши права.

4. ОТКРИВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ТРЕТИ СТРАНИ

4.1. ОТКРИВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ТРЕТИ КОРИСНИЦИ

Го задржуваме правото на пристап и откривање на личните податоци со цел да го исполниме и обезбедиме усогласеност со законот, да ги почитуваме законските барања, да користиме податоци во правни постапки или да ги заштитиме правата и имотот на АВАНТ КАР ДОО Скопје  или нашите клиенти. За овие потреби, врз основа и во согласност со процедурите предвидени со закон, имајќи ги предвид релевантните одредби од законската регулатива од областа на заштитата на личните податоци, можеме да ги проследиме вашите лични податоци до: друштво за осигурување, агенција за супервизија на осигурување (за заштита на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги), Министерство за внатрешни работи – МВР (за сообраќајни прекршоци против безбедноста на сообраќајот на патиштата), или јавно обвинителство (во случај на прекршоци, кривични дела), суд (во случај на судска постапка), адвокатска канцеларија/друштво (која како овластен застапник на пр.сопственикот на паркинг просторот бара пренос на информации за возачот или во случај на управна или судски постапки), нотари и извршители, стечајни управници, јавни органи на странски земји, надворешни ревизори, надворешни даватели на ИТ услуги, лизинг компании, провајдери на е-идентитет, Управата за јавни приходи, како и надзорни органи, при извршувањето на нивните должности (инспекторати, агенции и сл.).

 

4.2. ОТКРИВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ОБРАБОТУВАЧИ НА ПОДАТОЦИ

При соработка со други друштва (договорни обработувачи на податоци), кои вршат определени услуги за АВАНТ КАР ДОО Скопје, АВАНТ КАР ДОО Скопје им овозможува пристап до оние податоци кои се неопходни за нивната работа. Овие обработувачи се договорно обврзани со посебен договор за обработка на лични податоци во согласност со членот 32 од Законот за заштита на личните податоци да ја чуваат приватноста на овие податоци и можат да ги користат исклучиво за извршување на нивната работа. Споменатите договорни обработувачи на податоци ги заштитуваат пренесените податоци; не ги складираат, и ги обработуваат исклучиво во наше име и во границите на нашето овластување. Договорните обработувачи на податоци имаат право да ги обработуваат пренесените податоци исклучиво во рамките на извршувањето на нивната работа.

 

Во рамките на законските овластувања, вашите лични податоци може да им бидат откриени на следниве обработвуачи на лични податоци:

●        сметководствени друштва, адвокатска канцеларија/друштво и други даватели на правни, финансиско - сметководствени и менаџмент консултантски услуги;

●        даватели на услуги за бришење на датотеки и носачи на податоци;

●        даватели на услуги за информатичка технологија во рамките на сервисирање и одржување;

●        даватели на платежни услуги;

●        администратор или вебмастер;

●        даватели на услуги за  обработка во облак и даватели на услуги за е-пошта;

●        даватели на услуги за системи за управување со односите со клиентите;

●        договорни партнери при спроведување на маркетинг кампања, наградна игра или настан;

●        давател на услуги на контакт центар за помош на клиентите.

4.3. ОТКРИВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ НА ПОВРЗАНО ДРУШТВО СО АВАНТ КАР ДОО Скопје

Доколку ги користите услугите на поврзано друштво на АВАНТ КАР ДОО Скопје, вашите лични податоци ќе бидат проследени до тоа друштво до степен кој е неопходен и за целите на спроведување на договорниот однос со ова друштво, како и за целите на вашата идентификација и да се провери дали ги исполнувате сите услови за користење на услугите на ова друштво и дали сте ги подмириле сите ваши обврски кон поврзаното друштво со АВАНТ КАР ДОО Скопје.

4.4. ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ

Освен наведеното, вашите лични податоци во конкретни случаи може да се пренесат на други трети земји или меѓународни организации, при што преносот ќе се изврши во согласност со правниот основ за таков пренос, како што е регулирано со Законот за заштита на личните податоци и важечкото македонско законодавство. Ваквите можни основи се:

●        одлука на Европската комисија за воспоставување на соодветно ниво на заштита на личните податоци;

●        усвојување соодветни заштитни мерки (одобрени обврзувачки корпоративни правила; стандардни договорни клаузули за заштита на податоците; склучување на соодветен договор за обработка на лични податоци; или други соодветни заштитни мерки како што е предвидено со Законот за заштита на личните);

●        отстапувања во конкретни ситуации, предвидени со Законот за заштита на личните податоци.

 

5. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние сме посветени да ги заштитиме сите лични податоци што ни ги давате.

Ние спречуваме неовластен пристап до нив, нивна употреба и откривање со голем број различни безбедносни технологии и процедури.

Доколку е потребно, TLS-енкрипцијата се користи на нашите веб-страници за да се зголеми безбедноста на преносот на чувствителни податоци. Во рамките на друштвото податоците се чуваат во трајно контролирани компјутерски системи со ограничен пристап на контролирани места.

По престанокот на потребата за обработка со податоците, односно по исполнувањето на целта за која се собрани податоците, податоците веднаш се анонимизираат или неповратно и трајно се бришат.

Во случај нашата веб-страница да содржи линкови до други веб-страници кои на кој било начин не се поврзани со нас, ние не преземаме никаква одговорност за заштита на вашите податоци на овие веб-страници.

6. СЛОБОДА НА ИЗБОР

Вие ги контролирате податоците што ни ги давате. Ако одлучите да не ни дадете одредени податоци, тогаш нема да можете да пристапите до одредени страници или функции на нашите веб-страници; ниту ќе можеме да одговориме на вашето барање или да ве контактираме во такви случаи. Доколку сакате да станете корисник на една од нашите услуги, давањето на информациите што ги бараме од вас пред или при склучување на договор, како и за време на неговото времетраење (особено во случај на промени на податоците), е ваша договорна обврска и не можеме да склучиме договор со вас или (понатаму) да ви обезбедиме услуги, при што може да имаме право да се откажеме од склучување или да го раскинеме договорот поради наведената причина и во согласност со договорот.

Доколку се променат вашите лични податоци (поштенски код, адреса на е-пошта, адреса, телефонски број итн.), Ве молиме известете не за промените на адресата на е-пошта: elena.stoilkovska@avantcar.mk .

7. ВАШИ ПРАВА

Контролорот на податоци ви гарантира доследно спроведување на сите ваши права во врска со обработката на вашите лични податоци врз основа на важечките законски прописи.

Како субјект на податоци ги имате следниве права:

Право на повлекување на согласноста: Доколку, како субјект на податоци, сте дале согласност за обработка на вашите лични податоци (за една или повеќе цели), имате право да ја повлечете согласноста. Повлекувањето на согласноста нема влијание врз законитоста на обработката на податоците извршена пред и до нејзиното повлекување.

Можете бесплатно да ја повлечете вашата согласност во секое време со испраќање писмена изјава на адресата на е-пошта на контролорот на податоци elena.stoilkovska@avantcar.mk. Од повлекувањето на согласноста не произлегуваат ниту правни последици ниту санкции.

Право на пристап до лични податоци: Како субјект на податоци, имате право да добиете потврда од контролорот на податоците дали вашите лични податоци се обработени или не. Ако тоа е случај, имате право на пристап до вашите лични податоци (т.е. вклучително и нивно копирање) и да бидете информирани во врска со обработката на вашите лични податоци (на пр. целта на обработката, категориите на личните податоци, корисниците на кои биле или ќе бидат пренесени вашите лични, предвидениот период на чување на податоците, техничките и организациски мерки за заштита на податоците, постоењето на автоматско донесување одлуки, вклучувајќи и профилирање итн.).

Право на исправка: Како субјект на податоци, имате право без непотребно одложување да добиете исправка на неточните и дополнување на нецелосните лични податоци. За таа цел, ќе имате право да ни доставите дополнителна изјава со ажурирани лични податоци.

Право на бришење (т.е. право да бидете заборавени): имате право да побарате од контролорот на податоци без непотребно одложување да преземе чекори за бришење на вашите лични податоци доколку постои една од причините дадени во член 21 од Законот за заштита на личните податоци (на пр., ако податоците повеќе не се обврзани да служат за целта за која се собрани или обработени на некој друг начин, ако сте ја повлекле вашата согласност и нема друга законска основа за обработка на податоците; ја оспорувате обработката на податоците и нема легитимни интереси за обработка на податоците доколку податоците се незаконски обработени итн.).

Право на ограничување на обработката: Субјектот на личните податоци има право да побара ограничување на обработката од контролорот, ако е исполнет еден од следните услови:

1.  точноста на личните податоци се оспорува од субјектот на личните податоци, за период кој му овозможува на контролорот да ја провери точноста на личните податоци;

2.  обработката е незаконска и субјектот на личните податоци се спротивставува на бришењето на личните податоци, при што наместо тоа бара ограничување на нивната употреба;

3.  за целите на обработка, контролорот нема повеќе потреба од личните податоци, но субјектот на личните податоци ги бара за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања;

4.  субјектот на личните податоци се спротивставува на обработката во очекување на верификација дали легитимните интереси на контролорот преовладуваат над интересите на субјектот на личните податоци

5.  Кога обработката е ограничена, таквите лични податоци може да се обработуваат, само со согласност на субјектот на личните податоци со исклучок на нивното чување, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања или за заштита на правата на друго физичко или правно лице или поради важни причини од јавен интерес.

6.  Кога субјектот на личните податоци го остварил правото на ограничување на обработката, тогаш контролорот го информира пред да престане ограничувањето на обработката.

Право на преносливост на податоците: како субјект на податоци, имате право да ги добивате личните податоци во вообичаено користен и машински читлив формат и имате право да ги пренесете тие податоци на друг контролор, кога обработката се заснова на согласност или на договор или се врши со автоматизирани средства.

Право на приговор: Контролорот не може повеќе да врши обработка на личните податоци, освен ако докаже дека постојат релевантни легитимни интереси за обработка, кои преовладуваат над интересите, правата и слободите на субјектот на личните податоци, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања.

Онаму каде што вашите лични податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, имате право на приговор во секое време, бесплатно и без да наведете какви било причини, со испраќање порака на нашата е-пошта elena.stoilkovska@avantcar.mk се спротивставувате вашите лични податоци да се обработуваат за цели на директен маркетинг, по што ние веднаш ќе престанеме да ги обработуваме.

Понатаму, на ваше барање, ќе ви обезбедиме, во согласност со важечкото законодавство, други информации во врска со вашите лични податоци што ги обработуваме.

Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци: Доколку сметате дека се случиле прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци при обработката на вашите лични податоци, имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци бул.„Гоце Делчев“ бр.18 (зградата на Македонска радио телевизија МРТВ – кат 14), Поштенски фах 417, 1000 Скопје и е-пошта: info@privacy.mk

8. ИЗМЕНИ НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност е усвоена на 15.04.2025 година. Оваа Политика за приватност може да ја ажурираме во согласност со соодветниот важечки закон, поради измените на нашите услуги и врз основа на повратните информации од корисниците. Сите измени на оваа Политика за приватност ќе бидат објавени на оваа веб-страница/апликација, вклучувајќи го и датумот на најновото ажурирање. Во случај на значителни измени, ќе ве информираме за тоа на видлив начин или преку директна порака.

9. ВАШИ ПРАШАЊА И ПРЕДЛОЗИ

Доколку имате какви било прашања, резервации или предлози во врска со нашето собирање, обработување и откривање на вашите лични податоци, ве молиме да ни ги доставите преку онлајн формуларот за контакт или да го контактирате нашиот офицер за заштита на личните податоци на адресата за е-пошта: elena.stoilkovska@avantcar.mk .